Свет
Оставка на јужнокорејскиот министер за одбрана

Во четвртокот јужнокорејскиот претседател Ли Мун-Бак ја прифатил оставката на министерот за одбрана Ким Тје-Ен кој ја поднел чувствувајќи одговорност за инцидентот во Жолтото Море, соопшти дражавната агенција Yonhap
Според агенцијата во оставката се наведува дека министерот за одбрана на Јужна Кореја, Ким Тје-Ен, сакал да поднесе оствак уште на 1-ви мај годинава, по потпувањето на воената корвета „Чеонан“, но тогаш оствката не му била прифатена заради повеќе настани, заради истрагата за потопувањето на бродот при што загинаа 46 јужнокорејски морнари, меѓу другото и поради претстојните преговори за соработка со американската армија.Истрагата во која учествуваа и меѓународни експерти тогаш утврди дека бродот во инцидентот од март во пограничните води на Жолтото Море бил потопен со торпедо од севернокорејска мини-подморница. Но Пјонгјан упорно ја демантира својата инволиварност во несреќата. Пред два дена во Жолтото Море севернокорејската артилерија го гранатираше јужнокорејскиот остров Јонпхендо додека во регионот се довиваше воена вежба на армијата на Јужна Кореја. Во нападот загинаа двајца јужнокорејски војници и двајца цивил од островот. Овој инцидент предизвика жестока реакција од меѓународната јавност и притисок врз Пјонгјан, а ситуацијата е доведена до работ на војна. Оваа година, Северна Кореја и Јужна Кореја, во два наврата, во јануари и август, разменија артилериски оган во близината на северната граница линија во Жолто Море, што е предмет на граничниот спор меѓу Сеул и Пјонгјанг.Јужнокорејскиот војска соопшти дека за сериозна провокација од Северна Кореја и побара да се запрат сите чекори од сличен карактер.Кон крајот на октомври двете армии разменија оган од конвенционално пешадиско оружје во демилитаризираната зона.Слични судири се случиваа и во минатото, бидејќи Пјонгјанг не ја признава т.н. северна гранична линија во Жолто Море, кое беше спроведено еднострано по Корејската војната. Во 2007 г., владите на двете Кореи се договорија спорните води да стана заедничка зона на мир и соработка, но новата влада во Сеул, која дојде на власт во 2008 г.а, презема чекори спротивно на претходната политика на зближување Северна Кореја и потпишан од претходната администрација на договорот.Односите меѓу Северна и Јужна Кореја оваа година откако беше потопен јужнокорејскиот воен брод „Чеонан“. Бродот потона на 26 март во областа контролирана од Сеул кај островот Пенендо (Baengnyeong) во близина на границата со Северна Кореја во голема експлозија чија причина се уште не е конечно утврдена. Меѓутоа, според меѓународни експерти, нападот со торпеда го извела севернокорејска мини-подморница. Притоа беа убиени 46 јужнокорејски морнари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.
Свет
Убиецот на Кирк би можел да биде осуден на смрт со стрелање

Властите на Јута ќе бараат смртна казна за 22-годишниот Тајлер Робинсон кој се сомничи за убиството на соработникот на Доналд Трамп, политичкиот активист, Чарли Кирк. Јута е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуција со стрелање.
Можноста за барање најстрога казна претходно ја објави гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, кој изјави дека смртната казна е опција.
Јута, државата каде што се случи пукањето, е една од петте американски држави кои дозволуваат егзекуции со стрелање.
Свет
Осомничениот за убиството на Кирк задржан во притвор без можност за кауција

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк во Јута, е приведен без кауција.
Судските документи исто така наведуваат дека Робинсон нема прекршочни или кривични пресуди.
Робинсон беше приведен по неколку првични обвиненија, кои вклучуваат тешко убиство, пукање со огнено оружје и попречување на правдата. Официјални обвиненија сè уште не се покренати против него.
Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, е сместен во окружниот затвор во Спаниш Форк во американската држава Јута.
Властите имаат три дена да поднесат документи како подготовка за прелиминарно судско рочиште, каде што Робинсон треба да се појави за прв пат пред судија, што се очекува на почетокот на следната недела.