Свет
Вулканот Шивелуч на Камчатка исфрла пепел во височина од 8,5 км
Најсеверниот активен вулкан на Камчатка, Шивелуч, во понеделникот почна да исфрла пепел на височина од околу 8,5 километри, соопшти рускиот Институт за вулканологија и сеизмологија
Зголемената активност на вулканот Шивелуч, чија височина е околу 3.300 метри, почна во мај 2009 г. Во неговата купола како резултат на активирањето на ерупциите се оформи кратер со длабочина од околу 30 метри. „Видеонабљудувањето на вулканот е многу тешко остварливо поради лошите временски услови, но сеизмичките станици во рок од 18 минути забележаа серија локални земјотреси кои беа проследени со силно исфрлање на столб од гас и пепел и вжештени остатоци од лава“, рекол за РИА Новости извор на Институтот за вулканологија и сеизмологија. Тој додал дека на сателитски снимки се забележува и облак од густ пепел, 135 километри северо-западно од вулканот, на височина од 10.600 метри. Според експертите, засега нема опасност за населени места на територија на Камчатка, од кои најблиску до вулканот е селото Кључи. Сепак, голема е веројатноста и опасноста од паѓање на пепелта во оваа област – честички од магматскиот материјал со дијаметар од два милиметра може да предизвикаат труење на луѓето и животните поради нивниот сложен хемиски состав. Аеросол и облаците од пепел се исто така опасност за воздухопловство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Њу Џерси починало поради малтретирање од татко му: го терал да ослабне, трчал на лента до исцрпеност
Се појави вознемирувачка снимка на која татко од Њу Џерси го принудува својот шестгодишен син да трча на лента за трчање затоа што бил „премногу дебел“, само неколку дена пред смртта на момчето од „хронично“ злоставување.
Таткото од Њу Џерси, Кристофер Грегор, е обвинет за убиство на својот шестгодишен син. Новата снимка покажува како момчето се наведнува од исцрпеност додека неговиот татко Грегор го принудува да трча на лента што се движела пребрзо.
Неговиот татко наводно го гризнал по главата додека го терал да трча. Набргу по инцидентот, момчето итно било однесено на лекар бидејќи тешко изговарало зборови и имало проблеми со движењето.
За време на прегледот, тој добил напад и набрзо починал. Во извештајот од обдукцијата се наведува дека тој починал од „тапи повреди со контузија на срцето и црниот дроб со акутно воспаление и сепса“.
Се верува дека лентата за трчање била програмирана за најголема можна брзина, поради што момчето паднало и се мачело да се врати на лентата за трчање. Неколку дена по посетата на теретаната, мајката на момчето, Бреана Миколо, која го делела старателството со Грегор, ги видела повредите на својот син и ги пријавила на службеник на Одделот за заштита на децата во Њу Џерси.
Свет
(Видео) Застрашувачки бројки: се зголеми бројот на жртви при уривањето на автопатот во Кина
Бројот на загинати од уривање на автопат во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 48, соопштија во четвртокот локалните власти.
Гуангдонг, густо населена индустриска област, беше погодена од серија катастрофи во последниве недели кои се припишуваат на екстремните временски услови.
Несреќата се случи во средата наутро, а по уривањето на делницата долга 17,9 метри, 23 возила паднале во провалија, јавува агенцијата Синхуа.
Претходно беше соопштено дека загинале 36 лица, но бројот брзо се искачи на 46.
Несреќата се случи додека милиони Кинези патуваат за празникот.
Областа каде што се случи несреќата е зафатена од обилни врнежи од дожд во последните денови, кои предизвикаа лизгање на земјиштето, поплавени куќи и уништени мостови.
Свет
Уапсен малолетник во Полска, осомничен дека се обидел да запали синагога
Полската полиција соопшти дека во соработка со Агенцијата за внатрешна безбедност уапсила 16-годишен човек осомничен дека со фрлање молотови коктели ја нападнал синагогата Нозик во Варшава.
Полицијата соопшти дека ќе испрати барање до обвинителството за отворање истрага против младиот човек, кој според кривичниот законик може да добие затворска казна до 10 години, пренесува Асошиејтед прес.
„Беше целосно изненаден, не сакаше да зборува, не ги откри мотивите“, изјави портпаролот на полицијата Роберт Шумијата, додавајќи дека судот ќе одлучи дали на младиот човек ќе му се суди како полнолетен.