Македонија
Испратени медицински тимови на АРМ во Бих и Авганистан
Свеченост по повод испраќањето на осмата ротација на медицинскиот тим на АРМ кој учествува во мисијата АЛТЕА во БиХ и на четвртата ротација од хируршкиот тим кој учествува во мисијата ИСАФ во Авганистан денеска се одржа во просториите на Командата за логистичка поддршка (КЛП) на АРМ.
Свеченост по повод испраќањето на осмата ротација на медицинскиот тим на АРМ кој учествува во мисијата АЛТЕА во БиХ и на четвртата ротација од хируршкиот тим кој учествува во мисијата ИСАФ во Авганистан денеска се одржа во просториите на Командата за логистичка поддршка (КЛП) на АРМ.
На свеченоста, пред роднините на припадниците на медицинските тимови, командантот на КЛП, полковник Благојчо Пејчинов го истакна значењето на ангажирањето на припадниците на АРМ во рамките на силите на ЕУФОР, како и придонесот на хируршкиот тим на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан, потсетувајќи на фактот дека двете мисии, се од огромно значење за афирмацијата на Република Македонија, како и за промовирањето на оперативните способности на АРМ во делот на санитетското обезбедување.
Медицинскиот тим на АРМ од осмата ротација е составен од 10 лица, стручен медицински и помошен персонал, чија задача во рамките на мисијата АЛТЕА е да обезбедува општа медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, сместени во кампот Бутмир кај Сараево. Хируршкиот тим задачите ги извршува во рамките на норвешкиот контингент на северот од Авганистан во провинцијата Мејмана, каде АРМ првата ротација ја испрати во декември 2008 година. Двата медицински тимови треба да завршат со последни подготовки пред поаѓање во мисија, така што во текот на месецот ќе бидат завршени предвидените ротации. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

