Свет
Ирак од Курдите побара да го предадат потпретседателот Хашеми
Ирак и официјално побара од властите на полуавтономната северна курдска провинција да го предадат потпретседателот Тарик ал-Хашеми и уште 12 лица од неговото обезбедување за да одговараат по обвиненијата дека организирале групи за ликвидации, изјави ирачки функционер.
Ирак и официјално побара од властите на полуавтономната северна курдска провинција да го предадат потпретседателот Тарик ал-Хашеми и уште 12 лица од неговото обезбедување за да одговараат по обвиненијата дека организирале групи за ликвидации, изјави ирачки функционер.Ирачката влада којашто е предводена од шиити издаде налог за апсење на сунитскиот потпретседател кон средината на декември, набрзо по повлекувањето на последните војници на САД од Ирак, што предизвика политичка криза која го загрози опстојувањето на кревката коалиција од сунитски, шиитски и курдски групации под водство на премиерот Нури ал-Малики.„Во саботата упативме официјално барање до министерството за надворешни работи и силите за безбедност во регионот на Курдистан во кое бараме предавање на ал-Хашеми и дванаесет други осомничени од правосудните власти во Багдад“, изјави за Reuters во неделата генерал-полковник Хусеин Камал, заменик на ирачкиот министер за внатрешни работи. Тензиите во Ирак се зголемија кон средината на декември кога парламентарниот блок ал-Иракија поддржана од сунитите, остро го осуди авторитарниот метод на ирачкиот претседател Нури ал-Малики, кој е шиит.Претходно Малики го обвини потпретседателот Тарек ал-Хашеми, сунит кој има поддршка од Турција, дека ги организирал нападите, како и за обид за атентат врз него. Откако по Хашеми беше издадена потернициа, тој се сокри во ирачки Курдистан, а Анкара, според пишувањето на медиумите, му понудила засолништe.На 28 ноември 2011 година, претставници на ирачките безбедносни сили изјавија дека две лица загинале во експлозија на автомобил-бомба на паркингот пред ирачкиот парламент во ткн Зелена зона, најдобро обезбедуваниот кварт во Багдад, каде се лоцирани најголемиот број владини објекти и странски дипломатски претставништва.По овој инцидент за вмешаност во нападот ирачки официјални лица го обвинија ирачкиот потпретседател Тарик ал-Хашеми. Тие, исто така, тврдеа дека целта на нападот бил претседателот на парламентот, Осама Абдул Азиз ал-Нуџајфи. Но подоцна, на 3-ти декември, ирачкиот премиер откри дека тој бил цел на нападот.Ирачките власти потоа издадоа налог за апсење против заменикот претседател Тарик ал-Хашеми, поради сомневање дека е поврзан со терористички групи, а на државната телевизија беше објавено дека неговите тројца телохранители признале оти планирале и изведувале атентати и дека ги финансирал и поддржувал заменикот претседател.Ал-Хашеми ги отфрли обвиненијата против него како фабрикувани клевети и дел од интригите на премиерот Нури ал-Малики, и изрази подготвеност да излезе пред судот во автономната ирачка покраина Курдистан, каде отпатува по издавањето на налогот за негово апсење.Ал-Иракија, која има 82 од 325 мандати во ирачкиот парламент, издаде соопштение, велејќи дека „ тоа претставува суспендирање на нејзиното учество во парламентот и повик за отворање на тркалезна маса за да се најде решение што ќе оди во полза на демократијата и граѓанските институции“.Блокот го обвинува премиерот Малики дека го „монополизира донесувањето на сите одлуки“.Ирачкиот премиер Нури ал-Малики предупреди дека ќе назначи нови министри, доколку актуелните од ал-Иракија не присуствуваат на седниците на владиниот кабинет. Ирачкиот премиер, исто така, ги повика сите политички групи во земјата да помогнат во решавањето на кризата во земјата.Ал-Иракија претставува политичка коалиција составена од Партијата за обнова на Хашими, Ирачката национална листа предводена од поранешниот премиер Ијад Алави и Ирачкиот фронт за национален дијалог предводен од Салех ал-Мултаг./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

