Македонија
Вељановски ја повика опозицијата да гласа за Деловникот
Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски даде половина час пауза по завршувањето на расправата за предлог-измените на Деловникот и повика пратениците на опозицијата да дојдат во собраниската сала и да учествуваат во гласањето за измените на Деловникот
Вељановски повика со консензус да се изгласаат измените на Деловникот, со цел унапредување на работата нa Собранието, но и упатување на позитивен сигнал до Европската Унија, непосредно пред одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација, закажан за следната недела.„Мислам дека колегите пратеници од опозицијата сепак го следат настанот, ја следат седницата преку телевизиските екрани и мислам дека е доволно за половина час да се вратат за да можат да го дадат својот придонес. Ве замолувам за половина час секој од пратениците да дојде и со позитивен сигнал да испратиме порака за интересите на Република Македонија“, рече Вељановски. Пратениците ја спроведоа расправата за измените на Деловникот во отсуство на речиси целата опозиција.Опозицијата остана на барањето за формирање на посебна комисија за контрола на трошењето на буџетските средства, кое остана единствено спорно прашање до целосно усогласување на текстот на измените.„ Се’ до вчера можеме да се пофалиме дека Парламентот има капацитет чекор по чекор, трпеливо да гради политички дијалог и заеднички решенија кои во интерес на граѓаните и евроинтегративните процеси на државата. Се до вчерашниот ден како резултат на интензивните политички разговори и дијалог водени со опозицијата, на секојдневните координативни средби, можеме да испорачаме порака до јавноста и до ЕУ и да добиваме повратни поттици дека сме на добар пат и дека треба да продолжиме“, истакна Вељаноски.Тој додаде дека на претпоследната координативна средба биле усогласени решенијата за мандатот и составот на Анкетната комисија за настаните од 1 јули, како и измените на Деловникот по мислењето на Венецијанската комисија и конкретните барања на опозицијата, но оти останало прашањето за изнаоѓање парламентарен механизам кое ќе ја има контролата на трошењето на народните пари.Имајќи предвид дека последното прашање може да ги закочи претходните две, како што рече, предложил заклучок првите две парашања активно да влезат во собраниска процедура, а истовремено да продолжи интензивно политичкиот дијалог за изнаоѓање парламентарен механизам за контрола на народните пари.„Опозицијата денеска ја нема да даде поддршка на веќе усогласениот текст на Деловникот. Затоа уште еднаш ги замолувам пратениците од опозиционите партии да влезат во салата и да пристапиме кон донесуваме на заеднички усогласени измени и дополнувања на деловникот. Ги повикувам да го валоризираме заедничкиот труд кој го вложивме измнитатите 20-тина дена со кој го потврдивме капацитетит на Паралементот дека чекор по чекор, трпеливо може да се гради политичкиот дијалог и да изнаоѓа заеднички решенија кои се во интерес на граѓаните и на евроинтегративните процеси на Република Македонија“, нагласи Вељаноски.Тој даде половина час пауза со цел, како што рече, да се врати опозицијата и да се донесе Деловникот со консензус. На седницата не присуствуваат пратениците од опозицијата, кои вчера се изјаснија дека парламентарното мнозинство ги носи измените на Деловникот без консензус. Опозицијата обвини дека ВМРО-ДПМНЕ наместо да ја прифати најклучната забелешка за формирање комисија за контрола на трошењето на народните пари застанува во заштита на нивното криминално трошење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Грипот ја однесе првата жртва: почина 75-годишна жена
Вирусот на грипот ја однесе првата жртва оваа зима. Седумдесет и петгодишна жена починала пред три дена на Клиниката за инфективни болести. Пациентката имала повеќе коморбидитети и не била вакцинирана против грип.
Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 25 пациенти со компликации од грип, oд кои повеќето се возрасни лица со хронични заболувања и невакцинирани од грип.
Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска, пред неколку дена кажа дека пикот се очекува да биде во втората половина од овој месец и првата половина од февруари.
„Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека и бројот на лица коишто ќе бидат заболени од грип или заболувања слични на грип може да биде зголемен“, рече Андоновска.
Институтот за јавно здравје препорачува оние коишто не се заболени да избегнуваат колку што е можно некакви собири или да престојуваат во простории или трговски центри каде што има голем број на луѓе, да избегнуваат контакт со веќе заболени лица или оние што ќе пројават некакви симптоми на кивање и кашлање. Често да се мијат раце со обичен сапун и вода, да се проветруваат просториите, да се почитуваат здрави животни навики – редовна хидратација со течности односно вода, лесна храна, витамини, минерали.
Македонија
Зајкова: Една изборна единица има смисла само со отворени листи
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП), Моника Зајкова, реагираше по одржаната лидерска средба во Клубот на пратеници, оценувајќи дека нејзиниот исход е „0 проценти економија и 100 проценти политика“.
„Очекуваниот исход од ‘лидерската’ средба е 0% економија и 100% политика. Една изборна единица има смисла само со отворени листи. Во спротивно, како и денес, само неколку мажи ќе продолжат да ја дефинираат судбината на Македонија, наместо граѓаните. Моќта и финансиите ќе останат кај нив, а за народот — трошки. Со отворени листи ќе има поодговорни народни избраници, а со тоа и повеќе пари за граѓаните“, напиша Зајкова на својот Фејсбук профил.
Од ЛДП посочуваат дека лидерската средба има смисла само доколку отвори суштински прашања што директно го засегаат животот и животниот стандард на граѓаните, а не доколку се сведе исклучиво на дилемата за укинување или задржување на техничката влада.
Во соопштението се наведува и дека, иако Зајкова е пратеничка и единствена жена-лидер на партија во Македонија, таа не добила покана за учество на средбата. Организаторите, како што се посочува, одлучиле да поканат само претставници на партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
„Лидерските средби не треба да бидат поле за дневно-политички надмудрувања и покажување мускули, туку простор за носење решенија и одлуки што ќе придонесат за подобра иднина на сите граѓани“, наведуваат од Либерално-демократската партија.
Македонија
„Пирамид Билдинг Солушнс“ бара извинување по обвинувањата на СДСМ: Работиме повеќе од 15 години без ниту еден скандал
Компанијата Пирамид Билдинг Солушнс ДООЕЛ Скопје бара јавно извинување од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во рок од 24 часа, поради, како што наведува, јавни напади, клевети и тенденциозно пласирани информации изнесени од претставниците на оваа партија на прес-конференциите на Јон Фрчковски и Петар Огненовиќ.
Во однос на обвинувањата за склучени договори со општини под водство на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата објаснува дека станува збор за селективно прикажување на факти со кое се создава искривена слика за нејзиното работење и се нанесува сериозна штета врз угледот, интегритетот и деловната репутација.
Оттука истакнуваат дека повеќе од 15 години успешно опстојуваат и работат на македонскиот пазар, без, како што наведуваат, ниту еден скандал, со доследно почитување на законите и процедурите и со континуиран раст базиран на квалитет и професионалност.
Во соопштението се додава и дека во јавните настапи на претставниците на СДСМ не бил спомнат клучен факт – дека токму во периодот на нивното владеење и раководење со институциите, компанијата добила значителен број договори за јавни набавки, кои биле целосно и успешно реализирани во согласност со законските прописи.
Како доказ за транспарентно и законско работење, компанијата доставува и табела со склучени и реализирани договори за јавни набавки по години и институции раководени од функционери на СДСМ.
„Апелираме бизнисот да се остави надвор од дневно-политичките пресметки и да не се користат инсинуации и неосновани обвинувања за политички цели“, се наведува во соопштението.
Од Пирамид Билдинг Солушнс порачуваат дека, доколку не добијат јавно извинување во наведениот рок, ќе бидат принудени да ги искористат сите расположливи правни механизми за заштита на своите права, углед и деловен интегритет.

