Македонија
Обновливите извори на енергија во руралните средини
Промотивна кампања за користење на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и одржливи земјоделски практики во руралните средини во Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје.
Промотивна кампања за користење на обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и одржливи земјоделски практики во руралните средини во Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје.Настанот го организира Центарот за Промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој ЦеПроСАРД во соработка со Светската Банка.Целта на оваа кампања е да придонесе кон подигнување на свеста и знаењето на фармерите и локалната власт за искористувањето на обновливите извори за енергија и енергетска ефикасност во руралните средини во Мaкедонија, нивното влијание врз животната средина и климатските промени. Низ промотивните сесии се презентираат препораките од студиите, за соодветно искористување на достапните обновливи извори на енергија во мал обем како и подобрувањето на енергетската ефикасност подготвени од ЦеПроСАРД. Промотивната сесија во Скопје е завршен настан на проектот. Претходно се одржаа промотивни настани во Битола, Виница, Гостивар и Струмица. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.