Свет
Појава на пневмокока меѓу заболените од свински грип во САД

Во САД е регистриран загрижувачки пораст на заболувањата предвизикани од бактеријата пневмокока особено меѓу пациенти заболени од новиот вирус на грипот од типот А (H1N1), соопшти американскиот Центар за следење и превенција на болести од Денвер
Д-р Ен Шачет соопшти дека во октомври биле регистрирани 58 случаи на зараза со пневмокока, дури трипати повеќе отколку во нормален период без пандемија.Пневмококата е бактерија која ја напаѓа белите дробови, а понекогаш и крвните садови и тоа вообичаено кај лица постари од 65 години.Во Денвер меѓутоа бактеријата е регистрирана кај пациенти помлади од 60 години, од кои речиси една третина во почетокот биле во добра здравствена состојба.Грипот, појаснуваат научниците, може да ја истечни слузницата на респираторните патишта, поради што организмот е чувствителен на пневмокока.„Забележуваме раст на инфекциите предизвикани од пневмокока, кои се мошне инвазивни“, истакна Шачет.Станува збор за тешки облици на инфекција кога бактеријата ќе продре во крвта и внатрешните органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.