Македонија
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со поклонувањето пред споменик на УЧК

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со вчерашниот чин на положување на цвеќе на споменик на УЧК, во присуство на униформирани лица од македонската одбрана, соопштија во вторник од владејачката партија.
„Таквиот чин воопшто не ги одразува политиките и политичките ставови на ВМРО-ДПМНЕ. Ваквите настани никако не водат кон зголемување на довербата помеѓу граѓаните на Република Македонија“, стои во реакцијата.
Инаку, во понеделник, петмина офицери од делегација на АРМ, заедно со министерот за одбрана Фатмир Бесими, министерот за правда Блерим Беџети, вицепремиерот Муса Џафери и заменик министерот за внатрешни работи Џелаљ Бајрами, во Слупчане, положија венци и цвеќе и се поклонија на споменикот на жртвите од конфликтот во 2001-та, припадници на УЧК.
Ова беше прв пат, по 11 години од воениот конфликт и потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, институционално да се оддаде почит на припадниците на УЧК./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.