Македонија
Црвенковски: СДСМ е најзаслужен за независноста на Македонија
Наместо прославата за 8-ми септември да биде резултат на заеднички договор и со содржина која ќе го обедини народот, беше присвоен и употребен исклучиво од владејачката партија со цел сопствено промовирање, обвини денеска лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Наместо прославата за 8-ми септември да биде резултат на заеднички договор и со содржина која ќе го обедини народот, беше присвоен и употребен исклучиво од владејачката партија со цел сопствено промовирање, обвини денеска лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Тој рече дека Иницијативата за распишување на референдум за независност била на СДСМ, создавањето и градењето на дел од државните институции, членството во ООН и меѓународното признавање од клучните меѓународни фактори и најголем број држави, се случиле додека неговата партија била на власт.
Меѓудругото, тој рече дека СДСМ била на чело на државата кога со успех се победиле ембаргата, санкциите и заканите од прелевањето на војната од просторот на поранешна Југославија и како што рече, најголемите исчекори во евро-атланската интеграција се случија во време кога СДСМ беше на власт.
„Тргајќи од овие, а и од многу други факти токму СДСМ е партија што има право и должност да повика на достоинствен начин на одбележување на овој голем празник и тоа на начин со кој ќе се демонстрира заедништвото и единството на сите наши граѓани и целиот наш народ“, истакна Црвенковски.
Тој обвини дека прославата е присвоена за промовирање на партиските проекти кои како што истакна во изминатиов период го дели, а не го обединуваа македонскиот народ.
Тој додаде дека власта решава да прави груб историски фалсификат сместувајќи ја Декларацијата за независност во Музејот на жртвите од комунизмот. Забележа дека централната прослава се сведува, како што рече, на промоција на спомениците кои направиле крупни поделби и дека во рамки на прославата се организираат настани за величање на првата влада предводена од Никола Кљусев, а притоа ниту еднаш да не се спомене името на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.
„Вака заедништво и единство не се гради. Жалам што овој голем јубилеј го дочекуваме во ваква атмосфера, но тоа не беше наш избор. Опозицијата ама буквално со ништо не придонесе за ваков развој на настаните.
„И покрај сè, чувството на гордост и правото на достоинствено чествување на големиот празник и јубилеј никој не може да ни го одземе, без разлика кој каде се наоѓаме и кој каде припаѓа“, рече Црвенковски.
Црвенкоски добил покана за присуство на свечената седница на Собранието, за присуство на свечената академија утревечер во Македонскиот народен театар и за присуство на средбата организирана од страна на премиерот Груевски со поранешни премиери.
„Тоа се логични настани, тоа се настани што личат на ваква прослава и на тие настани јас ќе учествувам“, рече Црвенковски./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица е потврда за криминалот вреден 800.000 евра
Молкот на СДС за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на државата е потврда за тоа дека станува збор за криминал вреден 800.000 евра, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Откако по направениот записник на Димковски, а потоа донесен и заклучок од страна на владата на Заев, Филипче и Николовски, за отпис на 2.000 тони јачмен и пченица, од СДС нема ниту осуда ниту оградување.
Напротив, тие влегоа во штитење на овој криминал на нивниот ментор Заев и учениците Филипче и Николовски.
Зошто СДС го брани овој криминал вреден близу 800.000 евра? Дали оваа пченица и јачмен преку посредници има достигнато двојна цена на црн пазар во соседна држава? Дали ова трио на Заев, Филипче и Николовски, се има добро нафатирано, а жртвеното јагне во случајот е Димковски“, прашува Манасиевски.
Итрината, додава тој, оди дотаму да по само некое време, тогашната влада мислејќи дека ќе го покријат за нив, ситниот криминал, потпишале 2 тендера за 20.000 тони јачмен и пченица.
И ова, како што оценува, СДС пробува да го штити.
„Знаеме дека во СДС останаа неколкумина во врвот кои се продолжена рака на Заев и Филипче. Се додека овие луѓе не заминат, СДС ќе има полн багаж зад себе“.
Македонија
Андоновски: Со бесплатните вај фај-зони исо електронските уреди го надминуваме дигиталниот јаз меѓу студентите
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска оствари работна посета на Филозофскиот факултет во Скопје, каде заедно со деканот Оливер Бакрески ја потврдија досегашната успешна соработка преку потпишување Меморандум за соработка и ја претставија новата бесплатна интернет зона наменета за студентите.
„Можам да најавам дека ова е првата ваква зона која Министерството за дигитална трансформација ја обезбедува од сопствени средства. Вакви зони ќе предвидиме и во студентските домови каде што постои потреба, како и на останатите факултети и универзитети. Најмногу се фокусираме на просторот каде што се присутни најмногу студенти и професори,“ изјави Андоновски.
Министерот се осврна и на проектот за ваучерите за електронски уреди за студенти, за кој што рече дека со овие два проекти се овозможува надминување на дигиталниот јаз кој што постои меѓу студентите.
Во рамки на посетата, тој се обрати и пред студентите, потенцирајќи дека државата и Владата веруваат во нивните способности и им даваат безрезервна поддршка. Тој ги охрабри студентите да ја користат секоја можност, да учат, да напредуваат и да созреваат, бидејќи „тие се иднината која треба да ја води Македонија напред“.
Македонија
СДСМ обвинува за тендерски скандал: Вториот вработен во фирмата со договори од 9 милиони евра бил поврзан со УБК и уништувањето на опремата за прислушување
На прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека власта продолжува со, како што рече, „криминални тендерски шеми“. Таа посочи дека вториот вработен во фирмата која добила тендери од речиси 9 милиони евра за само шест месеци е Глигор Поцев.
Кузеска наведе дека Поцев бил сведок во случајот „Таргет–Тврдина“ за уништувањето на опремата за масовно прислушување, како тогашен вработен во УБК во периодот на Сашо Мијалков. Таа нагласи дека токму фирмата во која тој сега работи склучила рамковна спогодба со Владата за софтверски лиценци за виртуелна платформа.
„Како лица кои биле дел од разузнавачки структури, поврзани со процеси за уништување на опремата за прислушување, денес повторно се во игра за милионски тендери за софтвери?“, праша Кузеска, додавајќи дека изборот на истите кадри од „тој период“ не може да биде случаен.
Таа оцени дека скандалот со тендери вредни 9 милиони евра, дадени на фирма со само две лица и формирана пред една година, покажува дека кај Мицкоски се применуваат „истите методи“ како во времето на Никола Груевски и Сашо Мијалков.
„Методите се исти – милионски тендери за фирми со сомнителна историја, целта е богатење на партијата и поединци од врвот на власта“, изјави Кузеска.
СДСМ побара институциите да спроведат истрага и да утврдат одговорност, истакнувајќи дека „овие дела не застаруваат“ и дека, како што рече, „одговорност мора да има и ќе има“.
Кузеска заклучи дека „работата сè уште не е завршена“.

