Македонија
Симулација на летот Скопје – Мостар во кој загина Борис Трајковски
Со симулациски лет ќе се проверува процедурата на летот на релација Скопје – Мостар со ист тип на „кингер“, со кој пред речиси една деценија загина поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски и членови на државната делагација и екипажот.
Претседателот на Меѓународната комисија за повторно истражување на несреќата, Омер Кулиќ со група стручни лица ќе ја проверува изводливоста на процедурата и ефикасноста на средствата на навигација на Мостарскиот аеродром.
Во тимот се по двајца пилоти од Македонија, од БиХ и од Србија. Авионот што ќе биде употребен е од ист тип како и „кингерот“ на Трајковски и е сопственост на српската контрола на летање СМАТСА, на секторот за калибража, вели Костов, кој е и претседател на Комитетот за истраги на несреќи и сериозни инциденти на воздухоплови.
Првичната истрага за несреќата во која беа утврдени низа пропусти констатираше дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за приоѓање на аеродромот во Мостар во услови на густа магла и облачност.
Остатоците на авионот кој се урна на 26 февруари 2004 година во близина на Мостар беа најдени 24 часа по несреќата. Истрагата беше обновена на барање на македонските власти коишто доставија нови докази./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

