Свет
Првата седница на ирачкото собрание закажана за 16 март
Првата седница на новоизбраното ирачко собрание е закажана за 16 март, на годишнина од нападот врз курдскиот град Халабџа, соопшти денеска потпретседателот на ирачката преодна влада Бархам Салих.
Првата седница на новоизбраното ирачко собрание е закажана за 16 март, на годишнина од нападот врз курдскиот град Халабџа, соопшти денеска потпретседателот на ирачката преодна влада Бархам Салих. Тој додаде дека до тој датум ќе биде постигнат меѓупартиски договор за формирање на новата ирачка влада. Според Салих, ако не биде постигнат договор, седницата на собранието ќе започне и на неа ќе се бара решението. Несогласувањата меѓу ирачките политичари за составот на владата и за тоа дали премиерот ќе биде од редовите на курдската или шиитската коалиција траат уште од изборите на 30 јануари. Собранието ја одложува седницата веќе пет недели. На 16 март 1988 година, по налог на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, ирачките сили, за да го задушат бунтот на Курдите, го нападнале градот Халабџа, при што употребиле и хемиско оружје. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Јапонскиот аеродром Кансаи не изгубил ниту еден багаж за 30 години работа
Јапонскиот меѓународен аеродром Кансаи (КИКС) прославува 30 години работа без да изгуби ниту еден багаж, соопштија од аеродромот.
Седмиот најпрометен јапонски аеродром соопшти дека не изгубил ниту еден патнички багаж од отворањето во септември 1994 година, објави Си-Ен-Ен.
На тој аеродром годишно во просек минуваат од 20 до 30 милиони патници.
Свет
Маж со нож нападнал луѓе во центарот на Осло, полицијата веднаш го уапсила
Норвешката полиција соопшти дека уапсила маж кој избодел едно лице со два ножа и нападнал неколку лица во центарот на Осло.
Инцидентот се случил пред местото на метрото кога расправија излегла од контрола и неименуван маж на возраст од триесет години избодел еден маж во раката и нападнал уште неколку луѓе во близина.
Полицаецот потоа го извадил пиштолот и му наредил на напаѓачот да ги спушти ножевите, пренесува Ројтерс.
Полицијата смета дека нападот не бил мотивиран од тероризам.
Свет
Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили
Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
Во интервју за Форин Полиси, тој рече дека Украинците најмногу страдаат од руските ракетни напади и дека руските балистички ракети се „вистинско зло“.
Наведувајќи дека руските сили користат балистички ракети главно за напади врз енергетскиот систем на Украина, Кулеба оцени дека која било друга земја, доколку претрпи таква штета на енергетските капацитети, ќе изгледа многу полошо од Украина.