Свет
Странските директни инвестиции ќе се вратат во Европа до 2013 година
Постепено враќање на странските директни инвестиции (СДИ) во Централна и Источна Европа се очекува до 2013 година.
Постепено враќање на странските директни инвестиции (СДИ) во Централна и Источна Европа се очекува до 2013 година.Ова се податоците од новото истражување на експертите од консултантска компанија „Прајсвотерхаус Куперс“, кое го пренесува британскиот весник “Фајненшл тајмс”.
Петгодишниот економски бум, во кој странските директни инвестиции нараснаа на 155 милијарди долари во 2008 година, беше подзапрен од рецесијата и кредитната криза, од „Прајсвотерхаус Куперс“.
“Приливот на капитал се намалил на 77 милијарди долари во 2009 година, инвестициите во секторот за недвижен имот, градежни материјали и делови за автомобили се намалени и покрај поголемите инвестиции во алтернативни извори на енергија, хемикалии и електроника. Големи разлики во директните странски инвестиции се појавија помеѓу различните земји минатата година. Во Словачка капитал текови пораснале за 55 отсто како резултат на инвестиции во секторот за недвижен имот од 2,3 милијарди долари. Летонија и Литванија почувствуваа најголем пад на инвестициите или околу 70 проценти„ се вели истражувањето на „Прајсвотерхаус Куперс“.
Од ” Прајсвотерхаус Куперс ” велат дека приливите на странски капитал во Средна и Источна Европа “пораснаа значително” по средината на 90-те години на минатиот век кога Чешка, Полска и Унгарија се претворија во значајни дестинации за странските инвеститори.
Економската криза погоди некои земји во регионот особено во 2009 година. Естонија, Летонија и Литванија забележаа двоцифрен пад на економската активност. Бугарија и Чешка имаа помал пад од 5 отсто, додека пак за економијата на Полска се смета дека е постигнала раст во 2009 година.
Инвестирањето во недвижности и зголемениот обем на индустрија ја претвори Русија во најголемиот примател на директни странски инвестиции во 2008 година, со најголемо зголемување на капитални текови од 2003 година. Сепак Русија претрпе 48 отстотен пад на инвестициите во 2009 година. /крај/бгн/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕП: Социјалните мрежи и вештачката интелигенција не се за лица под 16 години
Европскиот парламент (ЕП) денес одобри необврзувачка резолуција со која се бара минималната возраст за пристап до социјалните мрежи и вештачката интелигенција (ВИ) да биде 16 години, за да се обезбеди дека онлајн содржината е соодветна на возраста.
На веб-страницата на ЕП беше објавено дека пратениците ги повикаа земјите-членки на ЕУ да усвојат закони со кои ќе се утврди минималната возраст од 16 години за пристап до социјалните мрежи и вештачката интелигенција, додека на лицата на возраст од 13 до 16 години ќе им биде дозволен пристап со родителска согласност.
Тие, исто така, повикаа на усвојување закон со кој нема да се дозволи пристап до социјалните мрежи и вештачката интелигенција на лица под 13 години, објави Ројтерс.
Усвоената резолуција нема правна тежина и служи како политичка изјава што го изразува ставот на ЕП по ова прашање, според написите.
Врз основа на Законот за дигитални услуги (DSA) на ЕУ, онлајн платформите се обврзани да ги почитуваат законите на земјите-членки на Унијата, кои ја оставаат секоја земја сама да одлучи за минималната возраст за пристап до социјалните медиуми и вештачката интелигенција, пренесува Танјуг.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) Јужна Кореја го лансираше досега најголемиот сателит
Јужна Кореја денес успешно го лансираше најголемиот сателит досега со својата вселенска ракета „Нури“, четврто од шест планирани лансирања до 2027 година.
Тростепената ракета „Нури“ беше лансирана од космодром на остров во близина на југозападниот крајбрежен округ Гохеунг.
Официјални лица од воздухопловните сили изјавија дека ракетата поставила научен сателит од 516 килограми и 12 микросателити во целна орбита на околу 600 километри над Земјата, објави АП.
Главниот сателит е опремен со камера со широк дострел за набљудување на ауроралната активност и посебни системи за мерење на плазма и магнетни полиња.
Дванаесет помали сателити „коцкасти“, развиени од универзитетски тимови и истражувачки институции, вклучуваат GPS системи за проучување на атмосферата на Земјата, инфрацрвени камери за следење на пластика во океаните и системи за тестирање на соларни ќелии или комуникациска опрема.
„Нури“ е тристепена ракета напојувана од пет мотори од класа 75 тони во првата и втората фаза и мотор од класа седум тони во третата фаза, кој го ослободува товарот на саканата надморска височина.
Јужна Кореја ја започна програмата „Нури“ во 2021 година, пренесува Танјуг.
Фото: принтскрин
Свет
Германија го претстави новиот борбен тенк „Leopard 2A8“
Германската одбранбена компанија KNDS официјално го претстави својот нов главен борбен тенк, „Leopard 2A8“ кој ќе биде распореден со германските сили во Литванија, додека Европа го зајакнува своето присуство на источното крило на НАТО по границата со Русија. Тенкот беше претставен на јавноста во Минхен на церемонија на која присуствуваше германскиот министер за одбрана Борис Писториус, објавува „Њузвик“.
Според производителот, станува збор за сосема нов дизајн, а не за надградба на претходните платформи. Како и постарите верзии, „Leopard 2A8“ е опремен со топ со мазна цевка од 120 мм и два митралези од 7,62 мм. Оклопот е поотпорен, тенкот е побрз, опремен е со најновата паметна технологија.
Новата 45-та оклопна бригада (Panzerbrigade 45) во Литванија ќе биде првата што ќе ги добие новите тенкови „Леопард 2А8“. Бригадата беше основана во мај од германскиот канцелар Фридрих Мерц, а нејзиното формирање претставува прво трајно распоредување на германски трупи во странство по Втората светска војна. Се очекува бригадата да има 5.000 членови до 2027 година. Портпаролот на германското Министерство за одбрана одби да каже точно колку тенкови ќе добие бригадата, повикувајќи се на воена тајна.
Фото: ЕПА

