Македонија
Македонија може да го зголеми извозот во Русија, но треба да внимава на квалитетот и на цената
Постои простор за зголемување на извозот на македонски производи во Русија, особено од земјоделско-прехранбениот сектор, но треба да се запазат одредени критериуми, особено во погледот на квалитетот и на цената.
Ова беше истакнато во понедлениот на заедичката прес-конференција во Скопје на Стопанската комора на Македонија и на Македонско-руската стопанска комора.
Притоа беше оценето дека Македонија би можела да го зголеми извозот од 30 до 40 отсто во Руската федерација, но треба да се води сметка тоа зголемување да не биде само еднократно, туку да се задржи континутиет на присуство на рускиот пазар.
Санкциите што ги воведе Русија кон државите членки на Евроспакта унија, САД Канада, Норвешка и Австралија ја зголемија побарувачката во Русија за земјоделско-прехранбени производи, но во исто време Русија преговара со државите од Латинска Америка, како и со Казахстан и Узбекистан за да ја задоволи зголемената побарувачка.
Извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев информираше дека во Русија постои најмногу можност за зголемување на извозот на свежо овошје и зеленчук од Македонија, како и на преработки на овие производ, на вино, лекови и кондиторските производи.
Бешлив смета дека Македонија нема капацитет да го задобовли огромниот руски пазар и вели дека треба да се насочи кон одредени помали региони на Русија.
„Немаме капацитет да ја задоволиме Руската федерација. Не треба да имаме илузи дека ќе задоволиме голем пазар. Наша цел треба да биде да се зголеми она што досега е работено. Ние сме насочени кон тоа производството да се пласира во руските региони, онаму каде што можеме реално да одговориме и онаму каде што можеме да го задржиме континуитетот во идните години, да не помислиме дека ако еднаш извеземе ќе ја завршиме работата“, рече Бешлиев.
Според него, Македонија реално може да го задоволи капацитето на два три региони во Русија, кои немаат повеќе од три милиони жители и додаде дека во Руската федерација има вкупно 148 региони.
„Ние и досега работевме да се зголеми трговско-еконосмката соработка со Русија, а ова го гледам само како еден мал подотворен прозор за да го зголемиме присуството“, рече Бешлиев.
Тој изрази надеж дека новонастанатата состојба би можела да резултира со меѓудржавен договор со кој би се намалиле царините за одредени макеоднски производи.
„Македонија има преференцијален статус за одредени производи, која што изнесува 25 отсто од висината на декларираната царина во Русија. Доставена е нова листа на производи до Руската федерација за кои Македонија бара да бидат намалени царините и се надеваме дека во преговорите кои севодат ќе се успее на побрз начин да се намалат царините“, рече Бешлиев.
Тој напомена дека македонските извозници не треба да ја користат ситуацијата за да ги зголемат цените, бидејќи тоа може да има негативен ефект.
„Не треба да правиме илизуи дека многу ќе го зголемиме извозот, конкурентноста руските увозници ја гледаат во однос на квалитетот со цена. Не сме единствени,економијата е глобална. Имаат многу можности од каде да купуваат. Треба да сме паметни да ги поставиме цените толку добро за да продолжиме подолго да имаме набавка на рускиот пазар на наши производ. Тоа е главата цел“, рече Бешлиев.
Со неговото мислење се сложи и Васко Ристевски од Стопанската комора на Македонија кој рече дека на оваа тема се разговарало на состанокот со производителите и стопанствениците.
„На состанокот со компаниите обративме повеќе внимание на овој проблем. Освен со квалитетот на производот треба да бидеме конкуренти и со цени. Апелирам да не се користи оваа ситуација во моментот.Кога има зголемена побарувачка нашите трговци често пати знаат да ја корегираат цената, но тоа дефинитвно нема да помине затоа што имамве такви случаи во минатото. Треба да бидеме коректи и она што ќе се договори да го испочитуваме бидејќи ќе ја изгубиме дефинитивно можноста за зголемен извоз“, рече Ристевски.
Тој оцени дека со воведувањето на санкциите кои стапија на 7 август, се отвори голема можност за домашните производи, особено за земјоделските, да се пласираат на овој пазар на кој Македонија е малку присутна.
Ристевски истакна дека по завршувањето на есенската берба ќе се утврди колку точно Македонија има вишок кој би можела да го понуди за извоз во Русија и наведе дека во тек се активности со цел да се утврди на кој начин најдобро би можела да се искористи дадената ситуација и да им се помогне на извозниците.
Според статистичките пдоатоци, трговската размена меѓу Македоија и Русија во 2013 година била 195 милиони долари, при што Македонија остварила огромен дефицит.
Македонија остарила извоз од 31,5 милиони долари, при што на земјоделски производи отпаѓаат само 9,6 милиони долари, додека увозот изнесувал 163,6 милиони долари, од што 116 милиони отпаѓа на увоз на енергенси.
Македонските стопанственици досега немале никаков политички притисок во поглед на евентуално ограничување на извозот за Русија и се надеваат дека до такво нешто нема да дојде, но подготвени се да ги следат владините политики. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април
Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти во наредниот период.
Во интервју за Дневникот на МРТ, Мицкоски рече дека Владата ги презентирала условите и правилата под кои е подготвена да го реализира процесот на покачување на платите и дека сега се очекува одговор од синдикатите дали го прифаќаат предлогот.
„Денеска имавме состанок со УПОЗ. Ние дадовме понуда, истата онаа понуда за која јас зборував во јавноста. Ги поставивме условите и правилата под кои сме подготвени да го движиме овој процес напред“, изјави Мицкоски.
Тој посочи дека претставниците на УПОЗ и КСС најавиле дека ќе се консултираат со своите раководства и дека во текот на утрешниот ден ќе ја соопштат нивната одлука. Доколку се постигне согласност, според најавите, договорот би бил финализиран во недела, а од понеделник би започнала изработка на примерок на индивидуален синдикален договор.
Мицкоски појасни дека исплатата на зголемените плати би започнала во април, за мартовската плата, со осумпроцентно зголемување на збирот од постојната плата и минималната плата. Истиот модел би се применувал и во 2027 и во 2028 година.
„Тоа значи дека за околу две години и два до три месеци, административните службеници ќе имаат најмалку 40 проценти повисоки плати во споредба со сегашното ниво“, истакна премиерот.

