Македонија
Груевски се сомнева дека СДСМ има доушник во комисијата за лустрација

Премиерот Никола Груевски денеска искажа отворено сомневање дека кон СДСМ протекуваат информации од Комисијата за лустрацијата и од Уставниот суд.
Премиерот Никола Груевски денеска искажа отворено сомневање дека кон СДСМ протекуваат информации од Комисијата за лустрацијата и од Уставниот суд.
„За мене беше зачудувачки што вчера СДСМ излезе со детали за уставниот судија, кога бил назначен и кој го предложил, што значи дека тие имаат информации внатре во комисијата за лустрација, која што во основа би требала да биде крајно професионална“, изјави Груевски.
Според него, СДСМ очигледно предложил луѓе кои што не се професионални, туку и даваат информации на партијата, а понекогаш и дезинформации, односно свесно пласират дезинформации.
Груевски не ја исклучи можноста СДСМ да има директна комуникација со Уставниот суд и со уставниот судија, што, како што рече, покажува дека им директна корелација со судијата или уставниот суд, односно има директно влијание.
„Од тој аспект мене ми е жал што СДСМ се вмешува во вакви, работи, што става луѓе што се нивни доушници и непрофесионално ја обавуваат работата“, рече Груевски.
Воедно македонскиот премиер, кој претходно во повеќе наврати го оспори кредибилитетот на Уставниот суд, денеска го доведе во прашање и неговиот легитимен.
„Се поставува прашањето за легитимноста на одлуките на Уставниот суд, особено оние што поминале со гласање 5:4 , а внатре во судот имало човек за кој што гледаме каков бил, изјави Груевски.
Изјавата на Груевски уследи по зачестените дебати во јавноста, во врска со наодите на Комисијата за лустрацијата дека член на Уставниот судија бил соработник на тајните служби /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Најмногу листи за Скопје – 18 кандидати за градоначалник и 20 листи за советници

По завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на општините и на Градот Скопје, во 80 општини и Градот Скопје, до општинските избрни комисии се поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи на кандидати за советници на општините и Градот Скопје, соопшти Државната изборна комисија.
Во оваа бројка се вклучени листите на кандидати од политички партии и листите поднесени од група избирачи. Најголем број на листи на кандидати за градоначалници и совети е поднесено за Градот Скопје односно вкупно 18 листи на кандидати за градоначалник на Град Скопје и 20 листи на кандидати за членови на Советот на Град Скопје.
Согласно Роковникот за локалните избори 2025 година, ОИК доставува барање до институциите кои ги поседуваат податоците за исполнетост на условите веднаш по приемот на листата односно најдоцна на 14 септември.
Откако ќе заврши проверката за исполнетост на условите и ќе заврши процесот на отстранување на евентуални неправилности или пропусти во кандидатските листи, општинските изборни комисии ги доставуваат потврдените листи до Државната изборна комисија за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати, веднаш по потврдувањето на листата односно најдцна на 20 септември 2025 година. По завршување на процесот на проверка на документацијата и исполнетоста на законските услови и птврдување од страна на ОИК, ДИК ќе ги објави сите потврдени листи по општини кои ќе учествуваат на изборите.
Македонија
„Ова ќе продолжи“ – Според Мицкоски зад пожарите стојат центри на моќ од земјата и од надвор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека пожарите кои во изминатиот период избувнуваат низ државата, меѓу кои и вчерашниот во магацинот за електронски отпад во Трубарево, не се случајни, туку се организирани од „центри на моќ“ во земјава и надвор од неа.
Мицкоски верува дека вакви подметнувања и диверзии ќе има и во периодот што следи, затоа што постојат центри на моќ во државата, но и надвор од неа, кои не сакаат оваа Влада да успее, но рече дека ќе се борат против тоа.
„Ова што се случуваше летото и што сега се случува ќе продолжи, затоа што некој има интерес ова да продолжи“, рече премиерот.
За рециклаторниот центар на „Ф-Групација“ кажа дека има лиценца за управување со отпад издадена во 2021 година со важност до 2031, но дека условите под кои работат ваквите објекти треба да се преиспитаат.
„Ако мене ме прашувате, тоа не се услови под кои треба да работат. Сите хибридни напади ќе ги таргетираат овие слаби страни,“ рече премиерот.
Во пожарот што вчера попладне зафати рециклаторен центар на „Ф-Групација“ во Трубарево, каде што бил складиран електронски отпад, батерии и акумулатори, повредени беа четири лица – жителка на Трубарево која и понатаму е хоспитализирана на Клиниката за токсикологија со симптоми на вртоглавица и кашлица, еден полицаец, припадник на АРМ и директорот на ЦУК, Мухамед Али. Тројцата се пуштени на домашно лекување, а сите се надвор од животна опасност.
Македонија
Учениците од училиштата во близина на Трубарево една недела ќе следат настава онлајн, кажа Алиу

Министерот за здравство, Азир Алиу, изјави дека основните училишта што се наоѓаат во непосредна близина на местото на пожарот во Трубарево ќе преминат на онлајн настава во траење од една недела.
За точката ќе се дискутира на денешната владина седница.
Мерката е препорачана со цел заштита на учениците и наставниот кадар од можни здравствени ризици по горењето на електронски отпад и пластика, а се работи за најблиските четири училлишта во околината.
Алиу појасни дека во реално време се следи квалитетот на воздухот преку повеќе мерни станици и дека бројките засега не покажуваат потреба за дополнителни ограничувања, иако на терен се чувствува миризба од чадот.