Македонија
УНИФЕМ: Жените и мажите сеуште не уживаат потполна еднаквост
Во Македонија помеѓу жените и мажите сеуште постојат неправедни разлики во економската и другите сфери, особено кај немнозинските и маргинализираните заедници, заклучија експертите на дебатата по повод затворањето на проектот „Родово буџетирање на локално ниво“.
Во Македонија помеѓу жените и мажите сеуште постојат неправедни разлики во економската и другите сфери, особено кај немнозинските и маргинализираните заедници, заклучија експертите на дебатата по повод затворањето на проектот „Родово буџетирање на локално ниво“. Дискутантите меѓу кои беа и министерот за труд и социјала, Џелал Бајрами, Симоне Филипини, Амбасадорка на Кралството Холандија, Асија Варбанова, менаџер на проектот УНИФЕМ, Сади Беџети, градоначалникот на Тетово, претставник на општината Битола, како и други експерти, разговараа за воведувањето на концептот и алатките за родово буџетирање на локално ниво и за потоа да се испитаат ефектите на конкретните програми и буџети врз мажите и жените. „Генерално доколку ја погледнеме Македонија, мислам дека е на добар пат работејќи со проблемите на еднаквоста на родот, но сеуште постојат разлики, особено кај немнозинските заедници и некои од маргинализирани заедници, во поглед на економскиот развој,“ рече Симоне Филипини, Амбасадорка на Кралството Холандија и додаде дека со вакви проблеми се соочуваат скоро сите земји низ светот. „Се забележуваат некои сектори каде традиционалните предрасуди одат против еманципацијата на жените и девојките, што води кон неправедни разлики во образованието и вклучувањето во општеството, како на пример кај ромските девојки кои споредени со ромските момчиња, секогаш се на пониско ниво во процентите и тоа може да биде анализирано преку користење на ваквите аналитички алатки на родово одговорно буџетирање,“ рече таа и додаде дека особено е критична ситуацијата во земјата со текстилните работнички за кои би требало да се најде итно решение за да им се подобри ситуацијата. Министерот за труд и социјала, Џелал Бајрами истакна дека со разните проекти кои се носат и спроведуваат, Македонија е на добар пат да ја постигне целта односно во многу блиска иднина да воспостави целосна еднаквост помеѓу мажите и жените. „Со овој проект треба да се направи анализа на буџетот и врз основа на таа анализа да се подобрат наредните буџети за да се поправи односно да се постигне еднаквоста помеѓу мажите и жените,“ рече Бајрами. Проектот „Родово буџетирање на локално ниво“ е финансиран од страна на Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, а го спроведе УНИФЕМ. Општините Тетово и Битола беа двете пилот општини во Скопје вклучени во овој проект. Тие беа поддржани во процесот на идентификација на родовите приоритети, и нивното вклучување во нивните локални стратегии и буџети, како и подготовка на механизми за следење на спроведувањето од родова перспектива./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВЛЕН: Масовната прослава ги поттикна дестабилизаторите, најостро го осудуваме палењето знамиња
„По досега невидената прослава на 28 ноември, додека албанската песна и оро одекнуваа низ целата земја, очигледно оваа празнична атмосфера не им одговараше на оние на кои им се наруши комфорот на фотелјите на власта. На крајот на денот се појавија овие кругови кои сакаат да ја дестабилизираат државата. Не затоа што ја сакаат државата, туку затоа што им недостига власта“, велат од ВЛЕН.
„Коалицијата ВЛЕН најостро ги осудува овие неприфатливи дела што се случија синоќа за време на Денот на независноста на Албанија, каде срамно беа запаленидржавните знамиња, слики кои денеска беа објавени во јавноста од медиумите.
Повикуваме на разумност и меѓусебно почитување, бидејќи палењето на знаме е подгревање на меѓуетничките односи во оваа земја. А, оваа работа не им служи ниту на оние кои ја поттикнуваат, односно на никој друг, а уште помалку на граѓаните.
Чувствуваме одговорност и апелираме до сите граѓани да покажат разумност и решителност да не станат плен на злонамерни провокации. Не дозволувајте да бидете жртва на никого, а уште помалку од оние кои не ги слушнале или виделе вашите маки. Веруваме во високата свест на нашите граѓани кои ќе бидат будни и нема да бидат инструментализирани од оние кои по губењето на власта го изгубија патот во сопствениот двор.
Се грижиме за безбедноста на нашите граѓани, за стабилноста на државата, затоа предупредуваме на максимална внимателност на сите граѓани без разлика, да не прават дела од кои никој не може да избега. И за ова имаме доволно докази од минатото.
Мултиетничкиот карактер на Северна Македонија е вредност на нашата држава и општество, а секој што ќе се обиде да ги наруши меѓуетничките односи покажувајќи непочитување кон другите, особено кога се палат државните знамиња, ќе мора да се соочи со надлежните органи за спроведување на законот и да бидe повикан на одговорност.
Ваквите празници симболизираат толеранција и меѓусебно разбирање, затоа вчера албанските граѓани славеа на најдобар можен начин, во училиштата, плоштадите и во главниот град, со знамиња завиткани околу вратот и насекаде со насмевки“, соопштуваат од ВЛЕН.
Македонија
Алијансата за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето ниту на својот народ
„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме, бидејќи таквите постапки се неприфатливи и не се во согласност со граѓанските вредности“, велат од Алијанса за Албанците.
„Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ. Празничната и позитивна атмосфера во секој дел од земјата не треба и не може да биде помрачена од вакви изолирани акти. Секој облик на насилство е неприфатлив во нашата земја и мора да биде осуден без компромис од сите страни“, соопштуваат од Алијанса за Албанците.
Македонија
Обновени 19 моста во Градскиот парк и реновиран Халк-корнерот во Лептокарија
Халкбанк АД Скопје, во рамки на својата платформа за одржлив развој и заштита на животната средина HalkEco, изминатиот период ги заврши активностите за повторно обновување на 19 пешачки мостови во Градскиот парк, во Скопје, како и обновување на зелениот Халк корнер во трговскиот центар Лептокарија, во Скопје.
Овие активности се дел од заложбите на Халкбанк како општествено одговорна компанија, активно да работи на создавање подобри услови за сите граѓани преку поддршка на инфраструктурни и еколошки проекти.
Проектот за реновирање на мостовите опфати премачкување на металните конструкции со антикорозивна боја, како и чистење на површините, со цел мостовите да останат безбедни, издржливи и функционални за сите посетители на паркот.
Истовремено, зелениот Халк корнер во Лептокарија, кој претставува вистинско забавно и еко катче, доби обновена и репарирана опрема. Ова место продолжува да служи како простор за дружба и релаксација, кој ги обединува граѓаните од сите возрасти и дополнително го разубавува урбаниот пејзаж на Општина Карпош.
Ова не е првпат Халкбанк да инвестира во овој сегмент. Во 2020 година, банката изврши целосно реновирања на мостовите, како и целосна изградба на Халк корнерот, а со тековните активности, уште еднаш ја покажува својата долгорочна грижа за заедницата и животната средина.
Токму преку вакви иницијативи, Халкбанк покажува дека е повеќе од финансиска институција – таа е активен поддржувач на заедницата, институција која инвестира со визија и грижа за секојдневието на граѓаните.
ПР