Економија
Ставрески: Јужен тек е од стратешко значење за Македонија
Приклучувањето на Македонија кон гасоводот „Јужен тек“ е извонредно значајно стратешко прашање за државата, бидејќи практично се обезбедува стабилен избор на гас за наредните генерации.
Приклучувањето на Македонија кон гасоводот „Јужен тек“ е извонредно значајно стратешко прашање за државата, бидејќи практично се обезбедува стабилен избор на гас за наредните генерации.Ова во средата во Скопје го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, најавувајќи дека сите градови во Македонија ќе бидат опфатени со гасификацијата.„Се вклучуваме во меѓународните транспортни коридори за гас, кој што во наредните десетици и стотици години ќе го пренесуваат гасот од гасните полиња до Европа. Значи ќе беше лошо ако Македонија останеше надвор од тие текови“, рече Ставрески. Тој додаде дека со самото тоа што гасот ќе биде достапен за многу корисници во Македонија ќе дојде до намалување на неговата крајна цена.Истакнувајќи дека изградбата на гасоводот е еден од најголемите приоритети на владата, Ставрески потенцираше дека ќе бидат обезбедени средства за финансирање на неговата изградба.Министерот за финансии информираше дека 60 милиони долари ќе бидат обезбедени преку затворање на рускиот клириншки долг кон Македонија, 15 милиони веќе се предвидени во буџетот, а се преговара и со меѓународните кредитори.„Во напредна фаза на преговори сме со Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка за добивање на кредитни средства по поволни услови за да се заокружи целата финансиска мрежа за гасоводот кој што вреди вкупно 300 милиони долари“, информираше Ставрески.Терминот на изградбата на гасоводот во Македонија зависи од динамиката на изградбата на првата фаза од „Јужен тек“, која треба да минува под Црното море и во Бугарија, а се очекува да биде готова во 2015 година. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Божиновска на средби со меѓународни партнери за унапредување на енергетиката и рударството
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари низа работни средби со меѓународни партнери со цел продлабочување на соработката и размена на искуства во енергетскиот и рударскиот сектор.
На средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром, беше разговарано за интензивирање на билатералната соработка во секторот рударство, вклучително размена на добри практики од шведски експерти и соработка со македонските универзитети за унапредување на техничките и научните капацитети. Дополнително, на средбата беа разгледани теми поврзани со развој на обновливи извори на енергија и проекти за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух како дел од заложбите за одржлив економски развој и зелена транзиција.
Министерката Божиновска оствари средба и со амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, со која разговараа за унапредување на соработката во енергетскиот сектор, вклучително поддршка за обновливи извори на енергија, зајакнување на енергетската ефикасност. Соговорниците ja нагласија важностa од континуирана експертска соработка и размена на иновативни решенија помеѓу двете земји.
Божиновска оствари средба и со преставници на Strategic and Social Research Foundation – Marmara Group. Фокус на разговорот беше организацијата на 29-тиот Евроазиски Економски Самит и официјалната покана до министерката Божиновска за учество на Самитот. На средбата се разговараше и за инвестициони можности во соларната енергија, како и тековните активности и планови на Министерството за енергетика.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на овие средби за промоција на Северна Македонија како модерна, инвестиционо атрактивна и еколошки одговорна земја, која континуирано го унапредува енергетскиот и рударскиот сектор и ја зајакнува регионалната соработка.
Економија
Мицкоски: Очекувам убави вести за шеесетина македонски производи да се извезуваат во САД по повластена тарифа
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за поволна одлука за тарифите од САД, изјави:
„Да, очекувам денеска убава вест. Изминативе месеци жестоко преговаравме. Се сеќавате тогаш кога излегуваа голем дел од опозициските, условно кажано, медиуми коишто критикуваа како Македонија добила 34% тарифи, не знам што и не знам како. Очекувам сето тоа да биде потврдено со заедничка изјава денеска. Очекувам поволни вести од таму и очекувам негде околу 63-64 производи коишто се за нас стратешки, да бидат со повластена тарифа којашто ќе биде едноцифрена и ќе се движи меѓу 0 и 6,5%.“
фото/Depositphotos
Економија
Премиерот најави стабилизирање на инфлацијата: „Очекувам да се движиме околу 3 проценти“
Премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи денеска на новинарско прашање за инфлацијата, изјави дека очекува стабилизирање на ценовните движења во 2024 година.
„Како што веќе кажав во неколку наврати, очекувам инфлацијата оваа година да се стабилизира под 3 проценти“, рече Мицкоски.
„Очекувам месечна негативна динамика, односно опаѓање споредено со лани. Во јануари минатата година имавме т.н. кошничка, па очекувам оваа година да се движиме некаде околу 3 отсто – можеби малку под или малку над – но со јасна негативна тенденција месец за месец.“
Тој додаде дека во следните денови се очекува објавување на параметрите од страна на надлежните институции, и нагласи дека Владата спроведува политики што се во интерес на стандардот на граѓаните:
„Водиме домаќински политики, работиме на консолидација на состојбите. Од хаотична ситуација, распаднати институции и уништен систем, дојдовме до точка каде можеме да кажеме дека сме стабилизирани. Сега е време да ја развиваме Македонија каква што ја посакуваат сите граѓани“, додаде премиерот.

