Регион
Јадранка Косор остро му одговори на Тадиќ

Премиерката на Хрватска, Јадранка Косор денеска коментирајќи ги реакциите на претседателот на Србија, Борис Тадиќ за нејзината посета на Косово, рече дека смета оти не се работи за дипломатска војна.
Премиерката на Хрватска, Јадранка Косор денеска коментирајќи ги реакциите на претседателот на Србија, Борис Тадиќ за нејзината посета на Косово, рече дека смета оти не се работи за дипломатска војна.
Таа за новинарите во Корчула изјави дека Хрватска се залага за негување на добрососедските односи, но дека хрватската влада никогаш нема да прифати некој да и се меша во внатрешната политика.
„Ние имаме право да работиме на проектите за кои мислиме дека се важни и фактот е дека кога се зборува за Косово, Хрватска го призна и ако имаме економски интерес дополнително ќе ја зајакнеме соработката со Косово“, нагласи Косор, пренесуваат хрватските медиуми.
Таа повтори дека Хрватска и понатаму ќе го поддржува европскиот пат на сите соседи, вклучително и на Србија.
Коментирајќи ги изјавите на Тадиќ за нејзината неодамнешна посета на Косово, Косор рече дека е интересно за нејзиното недемократско однесување да зборува личност која минатата година забрани прослава на „Олуја“, иако е таа за Хрватска од посебна важност.
„Оваа година Тадиќ зборуваше за вооружените немири на просторите на Хрватска, но не зборуваше за вистината, за историските факти. Овде не се работеше за вооружен конфликт, туку Хрватска беше жртва на големосрпската агресија на Милошевиќ“, укажува Косор.
Таа додаде дека „Тадиќ истовремено не гледа ништо лошо во тоа неговиот министер во владата да полага венец на гробот на Слободан Милошевиќ, тиранин и крволок, кој е одговорен за Сребреница, за уништувањето на Хрватска, БиХ и за други злосторства“.
Според нејзините зборови, Хрватска со акцијата „Олуја“ помогнала да се отворат демократските процеси во Србија.
Хрватската премиерка неодамна го посети Косово, а по таа посета следеа остри реакции од српските политичари, меѓу кои и претседателот Тадиќ и шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ.
Поради реакциите на Белград, Министерството за надворешни работи на Хрватска изрази протест пред зградата на српската амбасада во Загреб./крај/вол/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.