Македонија
Скопјани го прослават Бадник пред Соборниот храм
Пред соборниот храм „Свети Климент Охридски“ скопјани ќе го прослават христијанскиот празник Бадник
Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава ја организира прославата по 19 пат, на која оваа година кум – бадникар ќе биде генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан точно на пладне ќе му го предаде преодниот пехар на новиот кум. Здравицата ќе ја каже Владимир Ангеловски Дади, актер во Драмскиот театар, а на граѓаните ќе им се обрати градоначалникот Коце Трајановски и минатогодишниот кум Јовица Угриновски.Празникот ќе биде одбележан и со подигањето на Бадникарското знаме и изведување на химната, осветување на бадниковите гранчиња. На присутните ќе им биде поделен чај, нафора и греана ракија.Потоа следи чинот на примопредавање на ќупот и кршење на погачата со златна паричка. Со пајтон што претставува симбол на старо Скопје, новиот кум бадникар со семејството ќе замине од пред Соборниот храм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.
Македонија
Сончево и релативно топло, максималната температура до 20 степени
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови ќе преовладува сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во четврток се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.

