Свет
За борбата против новиот грип потребни милијарда долари
Милијарда долари се потребни за борба против пандемијата на грипот предизвикан од вирусот А/Х1Н1
Милијарда долари се потребни за борба против пандемијата на грипот предизвикан од вирусот А/Х1Н1.
Ова денеска го изјави генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки Мун, кој изрази разочарување што парите потребни за борба против болеста, не пристигнуваат со саканата брзина,а проблемот бара глобална солидарност.
Светската здравствена организација соопшти дека од новиот грип до сега починале 429 лица, а се заразени 94 512.
Грипот најмногу напредувал на јужната полутопка и тоа во Аргентина, Австралија и Тајланд. /крај/хн/мс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Турскиот и американскиот шеф на дипломатијата разговараа за соработка со новата сириска влада
Турскиот министер за надворешни работи денеска разговараше со американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, за потребата од соработка со новата сириска администрација за да се обезбеди уредно завршување на преодниот период, соопшти турското министерство.
Во телефонски разговор, турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан му рекол на Блинкен дека Анкара нема да дозволи курдската милитантна група ЈПГ да ја користи Сирија како засолниште, откри портпаролот на Министерството.
САД и другите западни земји ја поддржуваат ЈПГ, додека Турција ја смета за терористичка организација.
За време на повикот, Блинкен ја истакнал потребата да се поддржи политичкиот процес предводен од Сирија, кој „ги поддржува човековите права и дава приоритет на инклузивната и репрезентативна влада“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Блинкен и Фидан разговараа и за мерките за зајакнување на турската и сириската безбедност против тероризмот, се додава во соопштението.
Свет
„Гаспром“ најави дека од 1 јануари ќе го запре извозот на гас во Молдавија
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“ денеска објави дека од 1 јануари ќе го прекине извозот на гас во Молдавија поради неподмирениот долг на земјата, објави денеска Ројтерс.
Како што е најавено, компанијата го задржува правото да преземе какви било активности, вклучително и раскинување на договорот за снабдување со Молдавија.
Русија, преку Украина, ја снабдува Молдавија со околу две милијарди кубни метри гас годишно.
Гасот се дистрибуира во отцепениот регион Придњестровје, кој го користи гасот за производство на евтина енергија, која ја продава на остатокот од Молдавија.
Молдавија, која има 2,5 милиони жители, се подготвува за долги прекини на струја во наредниот период, откако Киев објави дека нема да го продолжи договорот за транзит со Гаспром.
Суспендирањето на испораките на Молдавија го означува почетокот на целосното запирање на извозот на руски гас преку Украина во Европа, бидејќи договорот за транзит на руски гас со Украина истекува на 31 декември.
Свет
Претседателот на Азербејџан: Меѓународната комисија почна да ги истражува причините за падот на авионот
Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин дека меѓународната комисија почнала да ги истражува причините за падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс, што се случи на 25 декември во близина на градот Актау во Казахстан.
Алиев рече дека авионот на Азербејџан ерлајнс бил изложен на надворешно влијание во рускиот воздушен простор и дека пилотот последователно ја изгубил контролата над леталото, пренесе РИА Новости.
Во денешниот телефонски разговор со Алиев, Путин детално разговарал за прашањата поврзани со падот на патничкиот авион на Азербејџан ерлајнс, соопшти Кремљ.
Во соопштението се наведува дека Путин се извинил за фактот што трагичниот инцидент се случил во рускиот воздушен простор и уште еднаш изразил длабоко и искрено сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакал брзо закрепнување.
Во разговорот меѓу Путин и Алиев било истакнато дека азербејџанскиот патнички авион повеќепати се обидел да слета на аеродромот во Грозни кога руските системи за противвоздушна одбрана ги одбиле нападите на украинските беспилотни летала.
Во моментов, двајца службеници на Јавното обвинителство на Азербејџан се во Грозни, каде работат заедно со претставници на Јавното обвинителство и Истражниот комитет на Руската Федерација.
Надлежните служби на Русија, Азербејџан и Казахстан тесно соработуваат на местото на падот на патничкиот авион во близина на градот Актау.
Авионот се урна во средата за време на планираниот лет од главниот град на Азербејџан, Баку, за Грозни во Чеченија, откако беше пренасочен и се обиде да изврши принудно слетување во близина на градот Актау во западен Казахстан.
Во авионската несреќа загинаа 38 лица, а 29 беа повредени, од кои многумина се здобија со тешки изгореници.