Македонија
Муслиу доби една година условна казна
Поранешниот контраразузнавач Хисен Муслиу доби условна казна од една година, а доколку направи прекршочно дело ќе добие три месеци затвор, во што се пресметува и притворот, одлучи Основниот суд 1
Ниту Ваљон Беља, претседателот на Албанскиот сојуз, ниту Гафур Адили, поранешен лидер на Албанската национална армија не се појавија да сведочат пред судот. И двајцата тврдеа дека ги поседуваат оригиналните досиеја за соработка на водачите на ДУИ со тајните служби.Полицијата во ноември го уапси Муслиу во неговиот дом во Тетово во рамки на акцијата „Фалсификатор“. Министерството за внатрешни работи го уапси Муслиу под сомнение дека бил вмешан во досиејата за соработка со српските тајни служби, кои беа доставени до Комисијата за лустрација и беа прогласени за фалсификат.При претресот во неговиот дом, полицијата пронашла два компјутера, две УСБ мемориски картички, мобилни телефони и две уплатници на кои преку „Вестер унион“ биле исплатени 4,5 илјади евра на име Божидар Спасиќ, поранешен шеф на УДБА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Предновогодишен концерт на „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов в петок на „Боемска“
Општина Центар информира дека в петок, 27 декември, организира голем предновогодишен концерт „Вечер под ѕвездите“ со познатите македонски музички ѕвезди, групата „Нокаут“ и диџеј Александар Јорданов.
Предновогодишната забава ќе почне во 20 часот на „Боемска 1“.
Герасимовски информира дека за загревање на атмосферата ќе биде задолжен легендарниот диџеј Александар Јорданов по што ќе следува „Нокаут“.
„Качете се на временската машина на ‘Нокаут’ и запејте ги ‘Фатална опсесија’, ‘Лебедот бел’, ‘Телефонскиот број не постои’, ‘Илјада причини за крај’. Ветуваме убава атмосфера под новогодишните светилки на ‘Боемска’. Задолжителниот дрес код е добро расположение, насмевка и позитивни вибрации. Поканата важи за сите скопјани, ве покануваме на добра македонска музика, заеднички да го прославиме крајот на годината“, истакнува Герасимовски.
В среда, 25 декември, со почеток во 19 часот, ќе се одржи и настанот „Џез под ламба“ на пјацетата кај италијанска амбасада, каде што граѓаните ќе имаат можност да слушаат џез-верзија на македонските евергрини од „Искра Србиновска квартет“, но и да пробаат греено вино и печени костени.
Македонија
(Видео) Се одбројуваат денови до отворање на ски-центарот „Михајлово“, граѓаните предлагаат доживотен мандат за градоначалникот Јанчев
По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар, напиша градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот профил на „Фејсбук“.
Тој додаде дека во моментот се работи на подготовки за ски-патеката со сите придружни елементи за сите возрасти.
„Скијачкиот центар ‘Михајлово’ за сите љубители на зимските спортови“, стои во неговата објава.
Во коментарите под видеото од ратракот граѓаните бараат доживотен мандат за Јанчев.
„Недостижен, единствен и незаменлив градоначалник – Митко Јанчев, одлично сработено, пример за сите други, големо браво за идејата и реализацијата на проектот“, се дел од коментарите на „Фејсбук“.
Македонија
Воведена забрана за камиони и на патот кон Попова Шапка
Поради снегот воведена е забрана за камиони и на патот Тетово-Попова Шапка.
Од АМСМ информираа дека за сите останати возила е задолжителна употребата на зимска оперема.
Претходно забрана беше воведена и на патните правци Охрид-Кичево (Пресека) и Кичево-Гостивар, која се уште е во сила.