Македонија
Две судијки на Уставен се разболеле, одложена расправата за Законот за високо образование
Две судијки на Уставниот суд се разболеле, па поради непотполниот состав, Судот го одложи одлучувањето по Законот за високо образование.
На седницата не дошле судијките Наташа Габер – Дамјановска и Елена Гошева, па судијата известител одлучил да ја одложи расправата поради интересот на јавноста.
Група професори и сенатори поднесоа иницијатива за испитување на уставноста на 19 одредби од овој Закон за уставноста и законитоста на три подзаконски акти кои се во врска со овој Закон.
Тие се однесуваат за основање на високо-образовни установи, за условите под кои истакнат стручњак од практиката може да изведува клиничка настава и за правилникот за организирање на практична настава за студентите.
Законот за високо образование беше причина за протест на професорите. Академската јавност, во дел од законските решенија, коишто ги донесе тогашниот министер за образование, Никола Тодоров тврдеа дека се прави упад во автономијата на универзитетите.
Во март во Уставниот суд беше организирана подготвителна расправа за овој Закон на која учествуваа заинтересираните страни./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Нови 15 милијарди денари за проекти во општините, забрана за нелегалните игри на среќа и реформи во јавната администрација
Премиерот најави нови 15 милијарди денари за проекти во општините, а со закон ќе се забранат нелегалните игри на среќа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение, сублимирајќи ги најавите на премиерот и претседател на владејачката партија, Христијан Мицкоски.
„Општините ќе може да аплицираат за средства за капитални проекти од следната недела. Јавната администрација ќе се реформира во светло на ЕУ интеграцијата.Македонија се трансформира!“, се додава во партиското соопштение.
Македонија
Муртезани на средба со Мати Масикас „Продлабочена соработка со ЕУ во процесот на интеграција“
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба и со Мати Масикас, извршен директор за Европа во Европската служба за надворешни работи (EEAS).
На средбата беше истакната важноста на стратешките односи меѓу Северна Македонија и Европската Унија, како и континуираната поддршка на ЕУ за реформскиот процес и интеграцијата на земјата. Двете страни разговараа за актуелните предизвици во регионот и пошироко, зајакнувањето на институционалната соработка и спроведувањето на европската агенда.
Министерот Муртезани ја истакна посветеноста на Северна Македонија кон реформите и стабилноста во регионот, потенцирајќи дека земјата останува конструктивен партнер во процесот на пристапување. Извршниот директор Масикас ја потврди поддршката на EEAS за Северна Македонија и ја нагласи важноста на продлабочената соработка во клучните области поврзани со европската интеграција.
Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова положи цвеќе по повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на великанот на македонското револуционерно дело и државност, Гоце Делчев, по повод 153-годишнината од неговото раѓање.
Во рамките на државниот настан свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев положија и делегација на Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, делегација на Собранието, претставници на политички партии и граѓански здруженија и претставници на дипломатскиот кор.
По повод 153-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев панихида служеше поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан.