Свет
Падна либиски авион, едно дете преживеа
Либиски авион со 104 патници се урна при слетување на аеродромот во главниот град Триполи. Пребарувачите и спасувачите го обработуваат местото на несреќата, јави Асошеијтед прес. Од аеродромот велат дека осмогодишно момче од Холандија преживеало
Авион на Африкија, Ербас А330 кој пристигнувал од Јоханесбург, Јужноафричка Република се спуштал на аеродромот во Триполи околу 6 часот утрово, при што се урнал. Нема првични информации за преживеани, во изјавата на авиопревозникот, постирана наинтернет страницата.
„Африкија Ервејс соопштува дека летот 8У771 имаше несреќа при слетувањето во Триполи, на меѓународниот аеродром“, се вели во официјалната изјава. „Во моментот, немаме информации за преживеани. Според нашите информации во авионот имало 93 патници и 11 членови на екипажот. Соодветните органи спроведуваат пребарување и евентуално спасување на преживеани“.
Се уште не се познати причините за несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Со синот во рацете стигнала до соседната куќа: побегнала од масовниот убиец во Црна Гора
По нападот во Цетиње, ранетата 38-годишна Марија Мартиновиќ со синот во раце стигнала до соседната куќа, пишува „Вијести“.
Дури тогаш соседите, а потоа и полицијата дознале дека во куќата на Мартиновиќ се случило злосторство.
Полицијата оценува дека Ацо Мартиновиќ во две куќи на негови роднини прво го убил сопругот на Марија, Марко, а пред тоа и неговиот брат Милош во ресторан.
Потоа отишол во куќата на нивните родители и ги убил сопружниците Радован (70) и Радмила Мартиновиќ (63) и нивниот гостин Јоша Оташевиќ (55).
Ова на прес-конференција го потврди и шефот на полициската управа Лазар Шќепановиќ, пишува медиумот.
„Во населбата Хумци, Мартиновиќ дошол со возило и се паркирал пред куќата на жртвите, по што прво го убил Ј.О., роден 1970 година, кој бил во куќата на М.М., роден 1986 година, а кој исто така е убиен во таа куќа“, рече тој и продолжи:
„Во оваа прилика е ранета М.М., родена 1987 година (сопругата на убиениот М.М.), која иако е ранета, со детето во раце успеала да побегне од својата куќа до куќата на првите соседи, а потоа и убиецот отишол во родителската куќа на веќе убиениот М.М и ги лишил неговите родители Р.М., роден 1955 година и Р.М., роден 1962 година“, рече Шќепановиќ на прес-конференција.
Свет
Американски воен аналитичар: Во случај на војна со Русија, НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија
НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија во случај на конфликт со Русија и Кина, смета американскиот воен експерт Вил Шрајвер.
„Во конвенционален конфликт против Кина и Русија, НАТО ќе ја исцрпи целата своја залиха на ракети од сите видови, ќе изгуби десетици големи воени бродови и стотици најдобри авиони – сето тоа за помалку од еден месец“, напиша Шрајвер на мрежата X.
„НАТО на тој начин практично би бил демилитаризиран една деценија“, посочи тој.
Москва постојано изразува загриженост за трупањето на силите на Алијансата во Европа. Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Москва останува отворена за дијалог со НАТО, но на рамноправна основа, додека Западот мора да се откаже од својата политика на милитаризација на континентот, пренесува Спутник.
Рускиот претседател Владимир Путин посочи дека евентуалниот влез на Украина во Алијансата претставува закана за безбедноста на Русија, што е една од причините за почетокот на Специјалната воена операција, пишува медиумот.
Свет
(Видео) Најмалку десет повредени кога играчки паднале врз деца: новогодишната забава тргна наопаку во Масачусетс
Камерите го снимија застрашувачкиот момент кога играчките изложени на новогодишна забава паднаа врз деца и повредија најмалку десет лица.
Несреќата се случила во игротеката „In the game“ во Пиводи, Масачусетс, каде била организирана попладневна прослава на новата година, објави Daily mail.
Додека вработените се обидувале да фрлат куп балони обесени над нивните глави врз толпата, прикажаните играчки паднале врз најмалите.
Пластичните блокови паднале од височина од околу четири метри, поради што 10 лица се здобиле со полесни повреди, изјави за „Бостон 25 њуз“ шефот на противпожарната служба на Пибоди, Џон Даулинг.
Осум лица се префрлени во локалните болници, додека двајца одбиле транспорт.
Возраста на жртвите не е позната, но на фотографиите се гледаа деца и родители во публиката. Снимките од локалните медиуми покажаа повеќе амбулантни возила надвор од центарот кои носеа неколку луѓе на носилки надвор од зградата, пренесува медиумот.
„ Се надевам дека ова не е навестување каква ќе биде 2025 година. Сите се добро, но малку крваво“, напиша еден сведок на Фејсбук.