Економија
Најтргувани државните обврзници за денационализација
На македонската берза за хартии од вредност денеска доминираше тргувањето со државните обврзници за денационализација од третата и осмата емисија кои заедно остварија промет од 5.355.193,25 денари, што претставуваше 42,6% од вкупниот промет кој изнесуваше 12.551.558,11 денари.
На македонската берза за хартии од вредност денеска доминираше тргувањето со државните обврзници за денационализација од третата и осмата емисија кои заедно остварија промет од 5.355.193,25 денари, што претставуваше 42,6% од вкупниот промет кој изнесуваше 12.551.558,11 денари. На официјалниот пазар прометот изнесуваше 10.295.140,11 денари при реализирани 80 трансакции. Редовниот пазар оствари промет од само 2.256.418,00 денари, беа реализирани 22 трансакции. МБИ10 го промени трендот од претходниот трговски ден, така што оствари умерено намалување од 0,62% при вредност од 2.738,60 индексни поени. За разлика од него, МБИД со незначителен пад од 0,07% ја продолжи негативната тенденција од претходното тргување. Неговата вредност се стабилизираше на ниво од 3.096,17 индексни поени. ОМБ оствари благ пораст од 0,14%, позиционирајќи се на 110,61 индексни поени.Како најликвидна од официјалниот пазар се издвои државната обврзница за денационализација од третата емисија со промет од 3.298.001,00 денари. Просечната цена изнесуваше 90,37% од номиналната вредност, што значеше зголемување од 0,41%. Истргувани беа 59.204 обврзници кои се реализираа преку 6 трансакции.Следуваше државната обврзница за денационализација од осмата емисија со промет од 2.057.192,25 денари. Просечната цена од 85,04% резултираше со пораст од 0,34%. Истргувани беа 39.245 обврзници кои се реализираа преку 7 трансакции.Кон најликвидните хартии од вредност од официјалниот пазар се приклучи и акцијата на Стопанска Банка Битола со промет од 1.103.600,00 денари. Просечната цена од 3.048,62 денари предизвика скок од 3,02% на дневна основа. Ова е резултат на предлог одлуката за дивиденда која изнесува 180,00 бруто по акција. Ценовниот распон се движеше помеѓу 3.007,00 денари и 3.100,00 денари. Истргувани беа вкупно 362 акции кои се реализираа преку 6 трансакции.На редовниот пазар најтргувана беше Раде Кончар Скопје со промет од 907.018,00 денари. Просечната цена од 1.442,00 денари значеше повисоко зголемување од 3,00%. Истргувани беа 629 акции кои се реализираа преку една трансакција.Втора според ликвидност од редовниот пазар беше Тутунска Банка Скопје со промет од 601.800,00 денари. Просечната цена изнесуваше 5.100,00 денари, што не предизвика промена на дневна основа. Истргувани беа 118 акции кои се реализираа преку 7 трансакции.Пет најтргувани хартии од вредност1. Р.Македонија – Денационализација 032. Р.Македонија – Денационализација 083. Стопанска Банка Битола 4. Раде Кончар Скопје5. Комерцијална Банка Скопје Хартии од вредност со најголем раст1. Стопанска Банка Битола 3,02%2. Раде Кончар Скопје 3,00%3. Комерцијална Банка Скопје – Приоритетни 2,99%4. Макошпед Скопје 2,76%5. Р.Македонија – Денационализација 03 0,41%Хартии од вредност со најголем пад1. Прилепска Пиварница Прилеп 3,74%2. Топлификација Скопје 3,33%3. Бетон Скопје 2,99%4. Макпетрол Скопје 2,19%5. Македонија турист Скопје 1,58%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Исплатени над 39 милиони денари на 663 оризопроизводители
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители.
Исплатата се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година, со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта.
Министерството за земјоделство соопшти дека нивна цел останува зајакнувањето на домашното производство и поддршката на земјоделците.
Фото: pexels
Економија
Филипче: Следува поголема криза и нови поскапувања во 2026 година
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, говорејќи за економската состојба во државата, предупреди дека следната 2026 година ќе биде исклучително тешка и кризна за државата и за граѓаните, со нови поскапувања, зголемено задолжување и продлабочување на сиромаштијата.
„Ќе имаме многу кризна година. Ќе следи година во која ќе треба да се задолжиме најмалку дополнителни 2 милијарди евра. И тие задолжувања ќе бидат за тековни трошоци, нема да бидат за капитални инвестиции“, рече Филипче.
Тој посочи дека во Буџетот за 2026 година е намалена вкупната сума за капитални инвестиции, додека истовремено постои сериозен проблем со реализацијата на приходите.
„Десетина проценти ќе фалат. Тоа се 600 милиони евра во Буџетот. Ако на тоа се надоврзе долгот кон стопанството, повратот на ДДВ, тогаш околу милијарда евра, недостасуваат во Буџетот. Тоа беше една од причините зашто веројатно го затвораат порано. Тоа не се случило досега“, рече Филипче.
На брифинот, Филипче потенцираше дека дополнително и состојбата со енергетската криза е загрижувачка, поради лошото менаџирање со секторот од страна на власта, што доведе до покачување на цената на струјата.
„Поскапувањето на струјата ќе повлече поскапување на сите други продукти, сследи бран на огромни поскапувања на храната, на лебот, на млекото, на јајцата, на сите основни прехранбени продукти. Притоа, нема најава дека ќе има зголемување на платите, пропаѓаат преговорите со синдикатите“, рече Филипче.
Во тој контект, Филипче укажа дека следната година, инфлацијата тешко ќе може да се контролира.
„Ако предвидувањето за раст на БДП е некаде 3,7-8 проценти, а знаеме дека нашата структура на БДП е така поставена да две третини е лична потрошувачка, граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе. Граѓаните ќе трошат повеќе за истото или за помалку, поради тоа што цените се ќе бидат повисоки, значи ќе живеат посиромашно“, рече Филипче.
Тој предупреди и на сериозен застој кај странските инвестиции, посочувајќи дека нема веќе раст и дека е прашање колку компании ќе ја напуштат земјата. Дополнително, како што кажа Филипче, значително е влошена ликвидноста на компаниите поради доцнењето на повратот на ДДВ.
„Компаниите веќе затвораат, се жалат дека поради тоа што немаат пари од повратот на ДДВ, ги затвораат компаниите, отпуштаат работници. Илјадници работници се отпуштени, изминатите неколку месеци“, посочи Филипче.
Економија
(Видео) Филипче: 161 тендер доделени на една компанија, власта се грижи само за сопствени интереси
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на брифинг со новинарите остро ја критикуваше актуелната власт за, како што рече, целосна насоченост кон тендери и грижа исклучиво за сопствените интереси, наместо за потребите на граѓаните.
„Што прави власта во меѓувреме? Се грижи само за своите луѓе. Видовме примери 161 тендер доделени на една компанија, во вредност од 5,3 милиони евра. Друга компанија добила договори во износ од 9 милиони евра, само двајца вработени. Ова се бројки што јасно говорат за начинот на којшто функционира оваа власт“, изјави Филипче.
Тој посочи дека ваквите случаи не се изолирани и дека секојдневно излегуваат на виделина нови информации за сомнителни јавни набавки и злоупотреба на институциите.
Филипче истакна дека платформата на СДСМ Истражувачкиот центар за коруптивни операции (MICKO.mk) која неодамна беше отворена, секојдневно прима стотици документи и пријави од граѓани, вработени во јавни институции, како и од луѓе блиски и членови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сите ќе ги објави.
„Сакам да упатам една јасна порака дека во оваа борба за правда во државата никој нема да нè запре. Ќе ја вратиме власта во рацете на народот. Решени сме во тоа. Секој еден којшто е замешан во корупција и криминал сакам да порачам дека ќе одговара “, порача претседателот на СДСМ.

