Свет
Победи на кандидатите на Tea Party на републиканските избори
Конзервативното народно движење Tea Party ја потврди својата сила на предизборите за американските локални и конгресни избори во ноември, откако неговите кандидати ги поразија републиканските во сојузните држави Делавер и Њујорк, покрај изедначените гласови во Њу Хемпшир
Во државата Делавер конзервативната политичка коментаторка Кристин О,Донел лесно го победи конгресменот со девет мандати Мајк Кастел на предизборите за американскиот Сенат, со тоа давајќи му на движењето Tea Party уште една значајна победа над кандидатите кои ја поддржуваат Републиканската партија во САД.„Ние, народот, повторно ќе го имаме својот глас во Вашингтон. Ние ќе ја обновиме Америка“, изјавила О,Донел пред своите поддржувачи, прославувајќи ја својата победа во Довер, пренесува Fox news.О,Донел освоила повеќе 53 отсто од гласовите, а Кастел 46 отсто, по жестоката кампања која на површина ја исфрли внатрешната борба во меѓу конзервативните поддржувачите на движењето и умерените партиски структури во редовите на републиканците. О,Донел ја доби поддршката и од поранешната гувернерка на Аласка, Сара Пејлин како и донација за кампањата од 150 илјади долари од ткн. Tea Party Express, додека Кастл на кампањата потрошил повеќе од пет милиони доалри, пренесуваат во четврток американските медиуми.Во Њујорк конзервативецот Карл Паладино поддржан од Tea Party (Ти парти) го победи Рик Лази на републиканските предизбори за гувернер, додека во Њу Хемпшир канидадот на движењето Овид Ламонтањ имал изедначен скор во борбата со поранешниот државен обвинител Кели Ејоте во борбата за сенатската кандидатура на републиканците по 85 отсто од преброените гласови. Кандидатите зад кои стои Tea Perty движењето годинава освоиле најмалку осум големи републикански номинации во САД, на Аласка, во Делавер, на Флорида, во Кентаки, Невада, Њујорк, Пенсилванија и во Јута. Неговите кандидати ист отака покажале респектабилна сила и на многу други изборни на регионално и локално ниво.Политичките аналитичари во САД го поставуваат прашањето дали е можно кандидатите од десното крило на републиканскиот електорат да ги поразат демократските противници на изборите за Конгресот кои ќе се одржат во ноември, кога залогот ќе биде поголем и кога ќе решаваат сите избирачи. Така, на пример, се прави анализа дека победата на О,Донел во Делавер ги зголемува шансите на демократите да го задржат местото во Сенатот кое некогаш го држеше потпретседателот Џозеф Бајден, како и да го сочуваат мнозинството во овој претставнички дом. Од другите резултати од предизборите одржани во вторник, 80-годишниот конгресмен Чарлс Рејнџел победи на предизборите за Њујорк за да може да влезе во трката за неговиот 21 мандат, и покрај обвинувањата за етички прекршувања, додека градоначалникот на Вашингтон, Адриан Фенти загуби на предизборите од претседателот на градскиот совет Винсент Греј.Предизборите коишто се одржаа во вторникот беа последни пред гласањето што ќе се одржи на 2-ти ноември, односсно за помалку од два месеца. На овие збори американските избирачи ќе го избираат целиот состав за Претставничкиот дом на Конгресот, третина од Сенатот, повеќе од половина гувернери и илјадници локални функционери и советници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи
Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече дека кратко откако пристигнал на час во 13:30 часот, се вклучил аларм со упатства за заклучување на вратите.
„Ги зедовме клупите и ја забарикадиравме вратата“, рече тој, додавајќи дека поминале повеќе од два часа правејќи го тоа додека тој добивал фотографии од местото на настанот на својот мобилен телефон.
„Тукушто сега почнувам да разбирам што навистина се случило. Мислам дека ја познавав една од жртвите, но сè е сè уште многу свежо“, рече Квист.
Тој ја опиша ситуацијата како „скоро надреална“. „Се чувствував како да сум на место што го видов само на телевизија“, заклучи тој.
Свет
(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“
Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот.
„Ова е ужасна и незамислива трагедија“, рече тој. „Не можеме ни да замислиме низ што минува заедницата. Но, знам дека сето ова нè тера да ги прегрнеме нашите деца малку поцврсто вечерва“.
Премиерот Иби рече дека полицајците, кои пристигнале на местото на настанот во рок од две минути од повикот, можеби спречиле уште поголема трагедија со нивниот брз одговор. Тој исто така нагласи дека полицијата сè уште ги известува семејствата на жртвите.
All of BC is wrapping the families of Tumbler Ridge with love.
Supports are available:
BC Mental Health Support Line: 310-6789
Kids Help Phone: Text “CONNECT” to 686868
Thank you to the emergency responders on the ground for the work they are doing. pic.twitter.com/BqbkDnH9JT
— David Eby (@Dave_Eby) February 11, 2026
Според Иби, брзото пристигнување на полицијата значело дека „е спречено катастрофалната трагедија да биде многу полоша“.
Тој нагласи дека полицајците ги ризикувале сопствените животи брзајќи кон училиштето. „Тоа е херојски чин и им сум многу благодарен“, рече Иби. Полицијата објави дека вооружениот напаѓач бил пронајден мртов во училиштето и дека се сомнева на самоубиство.
Одговарајќи на прашања од новинарите, Иби потврди дека полицијата „продолжува да контактира со семејствата и најблиските роднини“ на жртвите. „Очекувам дека наскоро ќе добиеме нови информации од полицијата“, рече тој.
На прашањето за реакцијата на федералниот премиер, Иби рече дека тој „ја пренел тагата и очајот што ги чувствува, како и она со што се соочуваат жителите на Тамблер Риџ“. Иби додаде дека премиерот понудил помош од федералната влада во иднина.
Свет
Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад
Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и испраќајќи ги своите „молитви и најдлабоко сочувство“ до семејствата и пријателите на жртвите.
„Се придружувам на сите Канаѓани во жалењето за оние чии животи беа неповратно променети денес, и во знак на благодарност за храброста и несебичноста на првите реагирачи кои ги ризикуваа своите животи за да ги заштитат своите сограѓани“, се вели во соопштението на премиерот.
BREAKING: Reports now say as many as 10 people may be dead following the shooting at Tumbler Ridge Secondary School in British Columbia, Canada.
Authorities have confirmed multiple victims inside the school, another who died on the way to the hospital, and investigators are now… pic.twitter.com/d4z8SKBdFz
— Tony Lane 🇺🇸 (@TonyLaneNV) February 11, 2026
„Нашата способност да се обединиме во криза го покажува најдоброто во нашата земја – нашата емпатија, единство и сочувство едни кон други.
Се обратив до премиерот на Британска Колумбија за да изразам сочувство, како и до министерот за јавна безбедност Гари Анандасангари, кој го координира федералниот одговор. Нашите службеници се во близок контакт со своите колеги за да се осигурат дека заедницата е целосно поддржана во најголема можна мера. Владата на Канада е со сите жители на Британска Колумбија додека се справуваат со оваа ужасна трагедија“, заклучи Карни.

