Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не оставија ниту еден проект за локална самоуправа
„СДСМ е партија која не остави ама баш ниту еден проект зад себе во сегментот локална самоуправа“.
„СДСМ е партија која не остави ама баш ниту еден проект зад себе во сегментот локална самоуправа“.Вака од владeачката ВМРО-ДПМНЕ вратија на обвинувањата од страна на СДСМ дека Владата со проектот „Скопје 2014“ ги оштетила граѓаните.„СДСМ зад себе ја остави криминалната транзиција во која беа проневерени 4 милијарди и 600 милиони евра и уништени 154 фирми и фабрики ширум Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека за разлика од СДСМ, тие откако се на власт го зголемиле буџетските средства кои се издвојуваат за образованието, дека во тек е завршната фаза од изградбата на објекти за социјални станови, изградба на спортски сали и одвојување на средства за подобрување на патната инфраструктура.„Во 2007 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за рамномерен регионален развој кој има токму за цел да се постигне одржлив економски и општествен развој на територија на Република Македонија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека распределени се вкупно 65,3 милиони денари, наменети за Центрите за регионален развој.Според нив огромна е разликата меѓу нивното вложување во локалната самоуправа и вложувањето на СДСМ додека тие беа на власт. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Традиционална манифестација за одбележување на Водици во општина Илинден
По повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во организација на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе се одржи традиционалната манифестација за положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви населба Илинден, каде главен покровител е Општина Илинден.
За таа цел, општината ги повикува сите граѓани на ден 19.01.2025 (недела) со својата масовност да го одбележат големиот ден за сите христијани, а положувањето на крстот ќе биде во 12:00 часот.
Сите заинтересирани учесници за манифестацијата, кои сакаат да го фатат крстот од водите, можат да се пријават во просториите на црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден.
За најсреќниот учесник кој ќе успее да го фати крстот, ќе се обезбедат пригодни награди и подароци, информираат од општината.
Македонија
ОЈО со обвинение за две лица по мачењето и убиството на кучето Феликс, го влечеле со жица и го тепале до смрт
Основното јавно обвинителство Скопје, имајќи ја предвид пред се вознемиреноста што во јавноста ја предизвика видео снимка од мачење на куче во Момин Поток, веднаш по поднесувањето на кривичната пријава презеде дејствија и го прибра целокупниот доказен материјал и денеска поднесе обвинение против две лица за кривично дело – Убивање и мачење животни од член 233 став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата соизвршители на 19.11.2024 година го изложиле на непотребни маки и му нанеле непотребни болки, изложувајќи го на страдање кучето Феликс, мажјак, црна боја, на возраст околу една година. Првообвинетиот со тврд дрвен предмет во облик на стап и без оправдана причина започнал да го удира со повеќе удари кучето во пределот на главата и телото, нанесувајќи му тешки повреди. Потоа, заедно со второобвинетиот го врзале со жица и така врзано го влечеле по дворот до контејнер, каде го фрлиле мислејќи дека кучето е мртво. Како последица на повредите, кучето угинало на 07.01.2025 година.
Јавниот обвинител достави и предлог за определување мерка на претпазливост – задолжително јавување во Судот за двајцата обвинети, имајќи го предвид пред се објектот на инкриминацијата на ова кривично дело изразено преку заштита на животните од нехумано постапување.
Македонија
Спасовски: Гаши го крши Деловникот – не се доставуваат законите навреме до пратениците
Претседателот на Собрание Африм Гаши, наместо да ги почитува деловничките одредби, тој го крши Деловникот, упоро не се доставуваат законите навреме до пратениците, реагираше пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница.
– Ние вчера, како пратеници, ги добивме законските решенија во 17 часот. Денес претседателот на Собранието Гаши, ги става повторно на дневен ред. И сега, кога зборуваме за двојни стандарди и начин на функционирање на Деловникот, овде единствено одговорен е Африм Гаши и никој друг во ова собрание. Не може за некој законски текстови да кажува дека тој има право на интерпретација на деловникот, да ги интерпретира, како и кога сака. А, кога го прашувавме за законските текстови коишто беа доставени до собрание, Гаши, чекаше скоро 15 дена без да ги достави, иако според деловникот тој е должен во рок од 3 дена да ги достави до пратениците, Гаши бараше милион изговори тоа да не го направи. Денес продолжува на ваков груб начин да го крши деловникот и не дава никакво одобрение, освен што вели ‘ имам апел до пратениците‘, рече Спасовски.
Спасовски повика Гаши да застане со апелите и да почне конечно собранието да работи, така што ќе бидат усогласени законските текстови и навреме доставни, а не да се крши правато на дебатата со тоа што законските текстови набрзина ќе се ставаат на дневен ред на собраниската седница.