Македонија
Голем дел од линиите на ЈСП скратени или не сообраќаат

Голем дел од градските и приградски линии на Јавното сообраќајно претпријатие се скратени или воопшто не сообраќаат поради обилните снежни врнежи, информираат од ЈСП. На интернет сајтот интернет сајтот на Јавното претпријатие објавен е список на линиите кои се скратени или по кои автобусите воопшто не се движат. Листата ќе се ажурира на секои 30 минути.Од зимската служба на Град Скопје информираат дека од раните утрински часови го расчистуваат снегот од градските улици. Приоритени се „црните точки“, подвозниците, високите зони кон Водно и кон Скопска Црна Гора и мостовите.Во ноќната смена фрлени се 120 тони сол.Во соопштението од Град Скопје се наведува дека во текот на целиот ден ќе се следи состојбата на улиците и ќе се интервенира според потребите.Од зимската служба апелираат граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловни објекти да се придржуваат до законската обврска за расчистување на снегот до приодите кон нивните објекти./крај/со/бч
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.