Свет
Војник од ИСАФ загина на југот од Авганистан

Војник од силите на НАТО во Авганистан и починал од раните добиени од експлозија на бомба која во четвртокот се сличи во јузжнито дел од Авганиста, потврди командата на ИСАФ
„Војникот на ИСАФ почина од последица на ранување во експлозија на бомба од рачна изработка на југот од Авганистан на 22 октомври“, стои во соопштението на ИСАФ. Засега не се соопштува националноста на загинатито војник, бидејќи по протоколот тоа им е препуштено на националните команди и власти на државите во составот на мисијата.Од исти напади на експлозивни направи од ткн. домашна изработка, претходно во истиот регион загинаа два амрикански војника. Овој дел од Авганистан е најсилното е колевката и најсилното упориште на талибаните.Македонскит војници во редовите на ИСАФ мисијата предводена од Алијансата, се наоѓаат на обезбедување на командата во главниот град Кабул. Таму во четврток отпатува висока делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, предводена од министерот за одбрана, Зоран Коњановски. Во состав на делегацијата е и заменик началникот на Генералштабот на АРМ, генерал мајор Насер Сејдини, државниот секретар во Министерството за одбрана, Петар Есмеров, како и пратеници од Собранието на Република Македонија, членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност.Посетата на министерот Коњановски на Авганистан е во пресрет на најавеното значително зголемување на учеството на Македонија во Авганистан. Имено, Македонија ќе го зајакне своето учество во 2010 г., за дополнителни 80 војници, кои ќе извршуваат задачи во состав на Националната гарда на државата Вермонт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Макрон: Промената на режимот во Иран би довело до хаос

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави на самитот на Г7 во Канада дека промената на воениот режим во Иран би била голема грешка, јавуваат „Ројтерс“ и АФП.
„Промената на режимот би довело до хаос“, изјави Макрон пред новинарите во Алберта, нагласувајќи дека земјите треба да се вратат на разговорите за нуклеарната програма на Иран.
„Верувам дека ни требаат Соединетите Американски Држави да ги вратат сите на преговарачката маса“, рече Макрон.
Свет
Голема акција во Израел: планира да врати 150.000 свои државјани во земјата

Израел подготвува воздушен и поморски транспорт за да ги врати дома своите граѓани заглавени во странство по нападот врз Иран во петокот и затворањето на неговиот воздушен простор, објави министерката за транспорт.
„Првиот чекор беше да се испратат сите израелски авиони во странство за да се спречи нивно оштетување, бидејќи тогаш немаше да имаме никакви средства за репатријација на луѓето. Тој чекор е завршен. Следниот чекор е постепено враќање на Израелците“, рече Мири Регев за време на посетата на местото на иранскиот напад во центарот на земјата.
„Има помеѓу 100.000 и 150.000 Израелци во странство“, рече министерката, додавајќи дека нејзината канцеларија отворила морска рута од Кипар и Грција.
Израелската авиокомпанија „Ел Ал“, која објави прекин на сите летови во петокот, во вторникот соопшти дека се подготвува за летови за спасување почнувајќи од среда.
Авионите на „Ел Ал“ ќе полетаат од Ларнака на Кипар, Атина, Рим и Милано во Италија и Париз, рече таа.
Израелскиот нискобуџетен превозник „Аркија“ исто така најави специјални летови почнувајќи од среда за да ги врати Израелците дома. Авионите на „Аркија“ ќе полетаат од Кипар, Грција и Црна Гора, се вели во соопштението.
Израел започнанапад врз Иран на 13 јуни, таргетирајќи стотици воени и нуклеарни цели, со цел, велат властите, да ја спречи земјата да развие атомска бомба. Иран постојано негира каква било таква намера.
Свет
Британскиот министер за одбрана: Единствениот пат до траен мир е дипломатско решение

Британскиот министер за одбрана, Џон Хили, изјави дека влошувањето на безбедносната ситуација на Блискиот Исток претставува опасен момент за целиот регион.
Тој нагласи дека Велика Британија продолжува да го поддржува правото на Израел на безбедност и дека има сериозна загриженост во врска со нуклеарната програма на Иран.
Сепак, Хили повика на воздржаност од сите страни и рече дека единствениот пат до траен мир е дипломатско решение, а не воена ескалација.
Тој додаде дека во регионот пристигнале дополнителни британски воени ресурси, вклучувајќи борбени авиони „Тајфун“ распоредени во RAF Акротири на Кипар, за да го заштитат британскиот воен персонал кој сега е во состојба на висока готовност.
На прашањето дали е загрижен за можноста САД директно да се вклучат во израелските напади врз Иран, со оглед на пристигнувањето на дополнителни американски борбени авиони, Хили одговори дека сегашниот американски претседател Доналд Трамп сè уште ги предводи повиците до Техеран да се согласи на договор.
Тој го опиша зголеменото воено присуство на Велика Британија и САД како порака до Иран дека дипломатскиот пат е единственото решение за сегашната криза.