Македонија
Бендевска:Груевски да го разреши Божиновски од функцијата
СДСМ денеска побараа од премиерот Никола Груевски да го разреши генералниот секретар на владата Кирил Божиновски, а од Антикорупциска комисија побараа да го разгледа овој случај и да донесе соодветен заклучок.
Пратеничката од СДСМ Весна Бендевска на последната седница на која беа поставувани пратенички прашања побара од јавниот обвинител Љупчо Шврговски, побара да открие на кое работно место се водел Божиновски во Собранието кога се апсолвирало дека во Владата зазема раководно работно место.„Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер на 23 март 2010 година, од Собранието побарав одговор дали Кирил Божиновски примал плата во периодот октомври 2006 до јули 2007 година. На 26 март 2010 година го добив овој одговор потпишан од Генералниот секретар на Собранието со кој се потврдува дека Кирил Божиновски со картон бр.838 примал плата за полно работно време во овој период“, посочи Бендевска на денешната прес-конференција.
Според неа, Божиновски нема повеќе кредибилитет да ја врши функцијата.
Таа истакна дека овој случај покажува дека премиерот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека денес постојат две категории на граѓани во Република Македонија како што рече 95 отсто жртви на преродбата и 5 проценти профитери од преродбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

