Македонија
Родољуб Анастасов меѓу најголемите генијалци во 21 век
Американскиот биографски институт го вброи македонскиот академски сликар и педагог Родољуб Анастасов меѓу 500. најголеми генијалци во светот во 21 век, , според Американскиот биографски институт
Во образложението на Управниот одбор на уредници на Американскиот биографски институт, се вели дека Институтот ги наградува успешните индивидуалци како проф. Родољуб Анастасов, чии достигнувања се во повеќе области и влијаат на идните генерации поради нивните исклучителни дела и посветеност.Биографијата на Анасатасов е вклучена во едицијата „500 најголеми генијалци на 21. век“, објавена во 2009 година.Американскиот биографски институт е основан во 1967 и има за цел да објавува профили со факти за активни и посветени професионалци кои придонесуваат на меѓународно, национално, државно и регионално ниво. Институтот објавува прираќници кои ги покриваат сите полиња поврзани со кариера, општество, образование…, а ги користат бизнис консултанти, истражувачи, новинари, научни работници, биографи, библиотекари, корпорации, студенти, историчари, социолози и многу други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

