Регион
Унгарија ќе преговара со Македонија и Бугарија за сопирање на мигрантите
Унгарскиот министер за внатрешни работи, Петер Сијарто во интервју за Reuters изјави дека властите во Будимпешта се подготвени веднаш да подигнат ограда на границата со Романија, ако следните денови мигрантите ја променат насоката и наместо во Хрватска минуваат низ Романија.
Тој нагласува дека јужните граници на Европската унија продолжуваат да бидат широко отворени за непрекинат прилив на стотици илјади мигранти од Блискиот исток и Африка што го доведува во прашање Шенген системот односно постоењето на отворени внатрешни граници во ЕУ.Според него, потребни би биле десетици илјади полицајци и војници во составот на заедничките европски сили да го запрат приливот на мигранти на долгата поморска граница на Грција.„Да не е трагично, би се насмеал кога ги слушам европските функционери како велат дека стотици припадници на Фронтекс би биле решение“ истакнува Сијарто.„Доколку Грција не е подготвена да преземе улога за ова решение, тогаш ние мораме да разговараме со Бугарите и Македонците“, порача шефот на унгарската дипломатија.Тој нагласува дека Унгарија е подготвена уште наредниот ден да подигне ограда на границата со Романија, доколку тоа биде потребно.Австрија во петокот соопшти дека ќе забрани влез за мигрантите кои од таа држава планираат да одат во Германија, што ја поттикна Словенија на сличен потег, за да не стане тесно грло за бегалците. Поради ова, Романија би можела да стане популарна рута, од каде мигрантите веројатно би се обиделе да влезат во Унгарија на својот пат кон Европа, наведува британската агенција.„Најверојатно е дека јужната граница на Шенген зоната ќе биде изедначена со северната граница на Грција, со Бугарија и Македонија“, додава Сијарто.Сличен став изнесе во вторникот и чешкиот премиер Бохуслав Саботка кој рече дека ЕУ треба да има подготвено резервен систем на контрола на границите во случај миграцијата да не може да се контролира во Турција и Бугарија.Медиумите во средата утрото јавуваат дека е затворена за премин неутралната зона меѓу Грција и Македонија во реонот на граничниот премин Идомени повикувајќи се на радио Атина.Преку оваа неутрална зона преминуваат бегалци од Ирак, Авганистан и Сирија кон Македонија и натаму кон Западна Европа.Според полицијата, на бензинската станица во областа каде што се собираат автобусите со бегалци, веќе има седум автобуси со 350 луѓе./крај/мф/ффс
Извор: BGNES, RTS,
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

