Македонија
Одлична соработка меѓу Македонија и Израел
Израел и Македонија се пријателски земји кои имаат одлична соработка, оценија израелскиот претседател Шимон Перес и македонскиот премиер Никола Груевски на денешната средба во Ерусалим, јави известувачот на МИА
„Македонија што се однесува до нас е добар пријател и е мала земја што може да биде голема. Ние градиме односи со малите земји кои не сакаат да останат мали, што значи дека ја базираат својата иднина на науката и технологијата, а не на географските димензии и бројот на населението“, рекол израелскиот претседател Шимон Перес.Тој посочи дека Израел сака да соработува со Македонија на научна и технолошка база и оти е импресиониран од фактот што му го кажал премиерот Никола Груевски дека речиси сто проценти од средношколците во Македонија го продолжуваат своето образование на факултет.„Тоа значи најголема инвестиција што земјата може да ја направи за својата иднина и за иднината на генерациите што доаѓаат. Сакаме да соработуваме на научна и технолошка база со вашата земја за која мислам дека е многу убава и оти може да биде голема атракција за израелските туристи и за израелските инвеститори. Верувам дека сме на почетокот на една голема научна и технолошка еволуција и оти поентата на денешницата не се парите туку идеите, знаењето и пронајдоците, порача Перес.Според израелскиот претседател, Македонија разумно направи што се откажа од балканското минато и се сврте кон европската иднина поради што, како што рече, на Европа и е мило да ја види како полноправна членка на ЕУ и НАТО.Премиерот Груевски оцени дека Македонија и Израел имаат многу добри односи и комуникации и вземно разбирање и оти во последниот период по отворањето на македонската амбасада во Тел Авив се реализирани повеќе посети.„Има многу работи што можеме да ги научиме од Израел, земја која е технолошки напредна и во многу области има успех, што е добар пример. Верувам дека односите меѓу Македонија и Израел се се подобри и подобри и дека имаме добра комуникација. Еден од мостовите за комуникација е и еврејската заедница во Македонија која е мала, но многу почитувана и важна, рече премиерот Груевски, нагласувајќи дека изградбата на регионалниот Музеј на Холокаустот во Скопје ќе биде многу важен симбол за добрата соработка и комуникација меѓу двете земји. Македонскиот премиер истакна дека постојат доби можности за подобрување на бизнис комуникацијата меѓу израелските и македонските стопанственици и оти Македонија нуди добри услови за водење бизнис, што е добра можност за израелските инвеститори.„Му објаснив на претседателот Перес дека вчера имавме презентација на можностите за инвестирање во Македонија пред израелските бизнисмени и оти презентацијата беше добро прифатена. Верувам дека во иднина тоа ќе биде добра основа за поголема размена на бизнисмени и креирање добри бизниси, рече Груевски додавајќи дека на средбата станало збор и за развојот на двете земји, како и за условите за почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Македонскиот премиер попладнево е на свечениот ручек што за во негова чест го приредува израелскиот заменик-премиер и министер за надворешни работи Авигдор Либерман, по што треба да се сретне и со премиерот Бејамин Нетанјаху. Претпладнето Груевски го посети Музејот на Холокаустот „Јад Вашем“ во Ерусалим. Посета на Израел ќе ја заврши со утрешната средба со Ципи Ливни, лидерката на најголемата израелска опозициска партија Кадима.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кузеска: Инфлацијата ги јаде платите, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се без план
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција ја критикуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, истакнувајќи дека реалните економски податоци ги побиваат нивните тврдења за економски бум во земјата.
„Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата паѓа, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните. Годишната инфлација во октомври достигна 4,5 проценти, а најголемо зголемување од 7 проценти е регистрирано кај трошоците за храна и безалкохолни пијалаци – основните производи без кои не може да живее ниту едно семејство“, рече Кузеска.
Таа додаде дека цените продолжуваат неконтролирано да растат.
„За 2,8 проценти се зголемени цените на мало во октомври годинава, споредено со истиот месец лани. Најголем раст има кај прехранбените производи – храната поскапе за 6,7 проценти, овошјето и зеленчукот за 4,3 проценти. Растот на инфлацијата и цените е јасен показател дека економските политики на власта се промашени и без никаков резултат. Сметката ја плаќаат граѓаните“, истакна таа.
Кузеска нагласи дека платите и пензиите не го следат растот на трошоците за живот.
„Ова е клучен показател дека секој ден животот станува сè поскап за македонските граѓани. Тие се принудени постојано да кратат, да пресметуваат, да избираат што нема да купат – затоа што приходите не им стигаат. Ова е реалноста. Ова се вистинските проблеми на граѓаните“, подвлече таа.
Според портпаролката на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ нема планови за покачување на платите и отфрла конкретни предлози на СДСМ, како минимална плата од 500 евра или укинување на ДДВ за прехранбени производи. „Сега е јасно: на ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговара граѓаните да живеат сè полошо. Целта е да ги обесхрабрат граѓаните и работниците да бараат подобри плати и приходи“, рече Кузеска.
Таа заклучи дека СДСМ ќе продолжи да предлага конкретни политики кои обезбедуваат подобар живот за сите.
„Со ВМРО-ДПМНЕ на власт расте само стандардот на профитерите. Расте експлоатацијата на работниците и сиромаштијата на граѓаните. Ништо друго добро не се случува во државата. СДСМ нема да молчи – и нема да молчат ниту граѓаните“, рече Кузеска.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на стаклени нозе и продолжува да тоне
ВМРО-ДПМНЕ остро реагира на состојбата во СДСМ, нагласувајќи дека партијата е на „стаклени нозе“ и дека нема знаци на вистинска реформа.
„Јавноста беше сведок на историскиот дебакл на СДС на локалните избори годинава, каде партијата освои само шест општини, 126.000 гласови и околу 230 советници, а покрај ова ги изгуби и своите некогашни бастиони“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Од партијата додаваат дека претседателот на СДС, Венко Филипче, постојано најавувал реформи, но тие најави, бидејќи долго време не се реализираат, „со тек на време станаа само празни зборови“.
„Наместо вистинска реформа, гледаме континуитет на истите штетни пракси што ја доведоа партијата до состојбата во која се наоѓа денес“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие предупредуваат дека заевизмот и понатаму доминира во СДС и дека „се додека Филипче и неговиот ментор управуваат со СДС, партијата ќе продолжи да биде партија во слободен пад“.
„Доколку СДС не се консолидира, не се реформира и целосно не го искорени заевизмот од своите редови, партијата ризикува целосно да престане да постои како дел од македонската политика“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, потребна е конструктивна опозиција која ќе нуди решенија, а не „пolemичарење во празно“. „Венко Филипче како претседател на СДС не покажа ниту капацитет ниту пак некаква волја да ја извлече партијата од кризата“, стои во соопштението.
„Најавите за реформи на Филипче не се доволни сами по себе. Потребни се конкретни чекори, затоа неговата оставка е единствен логичен чекор и прв услов за СДС да има било каква иднина и можност за реформи“, заклучува ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Освен улиците и спомениците низ Скопје видоа вода
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски синоќа на неговиот официјален фејсбук-профил објави нови фотографии од акцијата за чистење на централното подрачје на главниот град, плоштадот „Македонија“ и кејот на реката Вардар, што ја започна веднаш по преземањето на функцијата.

-Нашето убаво Скопје! Чисто и достоинствено!, напиша Ѓорѓиевски на фејсбук.
Акцијата за чистење Ѓорѓиевски ја почна вечерта по примопредавањето на функцијата од досегашната градоначалничка, и како што самиот изјави, акцијата би требало да заврши вечерва.

Согласно неговото ветување за темелно чистење на Скопје во првите 72 часа од преземањето на мандатот, деновиве со механизација и рачно се чистат коритото и косините на Вардар, се отстранува кабаст отпад и пластични шишиња и се расчистува земјен материјал насобран во централниот дел на кејот, а се празнат и контејнерите од ѓубре.

