Македонија
СБ: Македонија ќе оствари раст од околу три отсто
Македонија во 2009 година ќе оствари значително намален раст во однос на претходната година и се проценува дека тој ќе изнесува околу три отсто
Македонија во 2009 година ќе оствари значително намален раст во однос на претходната година и се проценува дека тој ќе изнесува околу три отсто.
Ова го изјави постојниот претставник на Светска банка (СБ) во Македонија, Маркус Репник во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Според него, основната причина за ваквата прогноза е глобалната криза, која ќе се одрази врз три клучни елементи на македонската економија: извозот, приливот на средства и директните странски инвестиции.
Повикувајќи се на проценките што пред десетина дена ги изнесе Меѓународниот монетарен фонд, Репник истакна дека се очекува во 2009 година да се оствари најниската стапка на раст на глобално ниво, по Втората светска војна.
Европа е веќе во рецесија и се очекува во тековната година да оствари негативна стапка на раст од -2 отсто, рече Репник, потсетувајќи дека 60 отсто од македонскиот извоз се пласира на европскиот пазар.
Три клучни мерки кои вообичаено се преземаат во вакви ситуации се инвестирање во инфраструктурата, подобрување на бизнис климата и заштитата на социјално најранливите слоеви, вели Репник, според кого македонската влада веќе ги превземала овие чекори.
Инвестирањето во инфраструктурата е особено важно за отворање на нови работни место, или во најмала рака задржување на нивото на вработеноста, рече Репник.
Тој додаде дека владата веќе започнале неколку вакви проект, а на дел од нив СБ се јавува како партнер.
„Ја охрабруваме владата да продолжи со реформите за подобрување на инвестициската клима во земјата“, изјави Репник.
Тој информираше дека според проценките на СБ, стапката на сиромаштија е 20 отсто и за нејзино подобрување е потребно континуиран раст на економијата, од над пет отсто, но и да се осигура дека социјалната помош ќе пристигне на вистинското место.
Репник ја пофали стабилноста на банкарскиот сектор во Македонија истакнувајќи дека тој покажал оти е отпорен на светската криза. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ откри над 2 тони киви со ларви и инсекти кои требало да се продаваат во државава
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на 22,3 тони киви наменети за индустриска преработка и издаде решение со наредба за нештетно уништување.
Како што информираат од АХЦ, станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка.
-На увозникот издедено му е решение со наредба за нештетно уништување на спорните количини киви, по добиеното известување од негова страна дека пратката не може да се врати во земјата извозник, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.
Македонија
Променливо облачно со магла и малку сонце
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко со појава на магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Во понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. По одделни котлини ќе има појава на магла и зголемена облачност. Од вторник кон крајот на денот и во следните денови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе преминуваат во снег.
Македонија
Возете внимателно, маглата ја намали видливоста на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради магла од 100 до 200 метри има од Тетово – Скопје – Куманово – Кочани – Сарамзалино – Велес – Неготино – Д.Капија и магла со видливост до 50 метри има Битола – Прилеп – Ѓавато – Ресен – М.Брод – Кичево и Дебар, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

