Контакт

Свет

НАТО никогаш нема да ја нападне Русија

Објавено пред

НАТО никогаш нема да ја нападне Русија, изјавил денеска генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, во обраќањето пред студентите од Московскиот државен институт за меѓународни односи

dobivaj vesti na viber

„Дозволете ми како генерален секретар на Алијансата сосема јасно да изјавам: НАТО никогаш нема да ја нападне Русија. Никогаш. А сметаме дека и Русија исто така нема да не нападне, нагласи Расмусен. Ние престанавме да се вознемируваме поради таа можност и Русија исто така би требало да престане да се вознемирува“, нагласил Расмусен, пренесуваат руски медиуми.Тој нагласил дека би сакал да види соработка меѓу Русија и НАТО во сферата на противракетната одбрана.„Неопходно е да се проучи можноста за интеграција на рускиот, америјанскиот и НАТО системот за противракетна одбрана, за да создадеме целосен противракетен штити“, рекол Расмусен.Генералниот секретар на НАТО не ја исклучил можностада спомене дека до 2020 година соработката меѓу НАТО и Русија во областа во противракетниот штит  треба да се развие до степен до кој двата системи би можеле да се обединат.Во врска со новата руска воена доктрина Расмусен рекол дека има желба во документот да се пронајдат и можностите и перспективите за соработката меѓу Москва и НАТО.„Новата воена доктрина на Русија би имала добробит, само доколку во неа бидат вклучени перспективите, поврзани со Алијансата“, истакнал Расмусен пред студентите во Москва.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Лукашенко објави вест што никој не ја очекуваше

Објавено пред

Од

Белорускиот претседател, Александар Лукашенко, изјави во интервју за списанието „Тајм“ дека не планира да се кандидира за уште еден мандат.

dobivaj vesti na viber

Лукашенко, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, ја води Белорусија повеќе од три децении и беше реизбран во јануари за седми петгодишен мандат.

70-годишниот Лукашенко нагласи дека не планира да се кандидира за реизбор, иако додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп изгледа пристојно на речиси 80 години.

Тој верува дека неговиот наследник не треба ништо да прекинува, туку треба да продолжи да ја развива земјата за да избегне каков било револуционерен распад.

Тој ги отфрли долгогодишните шпекулации дека го подготвува својот син Николај да го замени.

„Не, тој не е наследник. Знаев дека ќе го прашате тоа. Не, не, не. Прашајте го самиот“, беше јасен Лукашенко.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

Објавено пред

Од

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на земјата е несомнен. Неговата изјава доаѓа како реакција на најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Кремљ Владимир Путин, пишува Правда.

dobivaj vesti na viber

Зеленски беше експлицитен во врска со територијалното прашање.

„Одговорот на украинското територијално прашање е веќе во Уставот на Украина. Никој нема да отстапи од него – и никој нема да може. Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот“, рече тој.

Сепак, тој истакна дека Украина е подготвена за вистински решенија што можат да донесат мир, но под јасни услови.

„Но, сите партнери мора да разберат што е достоинствен мир. Оваа војна мора да заврши – и Русија мора да ја заврши. Русија ја започна и ја одолговлекува, игнорирајќи ги сите рокови, и тоа е проблемот, а не нешто друго“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател предупреди дека сите договори постигнати без учество на Украина се „мртви одлуки“ што нема да донесат вистински мир. Тој ја нагласи својата подготвеност да соработува со Трамп и другите меѓународни партнери за да се постигне мир што „нема да пропадне поради желбите на Москва“.

Трамп вчера за време на брифингот во Белата куќа рече дека мировниот договор за војната меѓу Русија и Украина треба да вклучува „некои размени на територии“. Средбата меѓу Трамп и Путин е закажана за 15 август во Алјаска, а двете страни го потврдија датумот и локацијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина речиси ги престигна САД, станува главен трговски партнер на Германија

Објавено пред

Од

Во првата половина од 2025 година, Кина речиси ги престигна САД како главен трговски партнер на Германија, покажаа прелиминарните податоци од Германскиот федерален завод за статистика, бидејќи германскиот извоз во САД се намали под влијание на повисоките царини.

dobivaj vesti na viber

Во периодот од јануари до јуни, вредноста на германската трговија со САД изнесуваше 126,5 милијарди евра, додека вредноста на трговијата со Кина достигна 125 милијарди евра, покажуваат сезонски и календарски прилагодените податоци од Дестатис.

„Иако САД успеаја да ја одбранат својата позиција како најважен трговски партнер на Германија, предноста во однос на германската трговија со Кина е исклучително мала“, рече Винсент Стамер, економист во германската Комерцбанк.

САД ја презедоа улогата на најголем трговски партнер на Германија во 2024 година, симнувајќи ја од тронот Кина, која ја држеше таа позиција осум години по ред. Промената се случи во време кога Берлин се обидуваше да ја намали својата зависност од Кина, наведувајќи ги политичките разлики и обвинувајќи го Пекинг за нефер практики.

Сепак, трговската динамика повторно се промени на почетокот на оваа година кога Доналд Трамп се врати во Белата куќа и повторно воведе царини. Според трговскиот договор постигнат меѓу САД и ЕУ во јули, повеќето производи увезени во САД ќе бидат предмет на царина од 15 проценти.

„Германскиот извоз во САД веројатно ќе продолжи да опаѓа во остатокот од годината, можеби дури и поостро од претходно“, рече Јирген Матес, раководител на меѓународната економска политика во Германскиот економски институт во Келн.

Вредноста на германскиот извоз во САД во првата половина од годината изнесуваше 78,9 милијарди евра, што е намалување за 3,1 процент во однос на истиот период минатата година, покажуваат сезонски и календарски прилагодените податоци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

МВР се огласи по случајот со началникот во Демир Хисар: Преземаме соодветни мерки

Во однос на реакциите на јавноста поврзани со постапувањето на полициските службеници за време на претресот, Одделот за внатрешна контрола,...

Македонија4 часа

Сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора: Здравство ги презема нејзините надлежности

Поради сомнежи за финансиски злоупотреби и низа неправилности во Стоматолошката комора, Министерството за здравство ги презема нејзините надлежности, изјави министерот...

Македонија5 часа

(Видео) СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра

СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, најави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски. „Владата е...

Македонија7 часа

(Видео) Началник бара Итната помош на носилка да однесе директорка на информативен разговор во станица

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа началник во домот на директорка на училиште во Демир Хисар...

Свет7 часа

Зеленски остро им одговори на Трамп и Путин: Украинците нема да му ја дадат својата земја на окупаторот

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, остро ја отфрли секоја можност за територијални отстапки во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на...

Македонија8 часа

Пронајдени неексплодирани гранати од Првата светска војна во близина на ГП Меџитлија и во Старо Градско

Припадници на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) успешно реализираа две интервенции за отстранување на неексплодирани убојни средства (НУС) останати...

Свет9 часа

„Волстрит џурнал“ го објави планот за мир на Путин

Рускиот претседател, Владимир Путин, наводно му презентирал сеопфатен предлог за прекин на огнот на американскиот претставник Стив Виткоф, нудејќи прекин...

Свет9 часа

Путин и Трамп ќе се сретнат во Алјаска

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на својата социјална мрежа Truth дека долгоочекуваната средба со неговиот руски колега, Владимир Путин, ќе...

Свет20 часа

Маск: Вештачката интелигенција ќе ги замени сите работни места, дури и моето

Илон Маск, извршен директор на „Тесла“ и еден од најбогатите луѓе во светот, издаде остро предупредување до секој што е...

Македонија23 часа

Клиниките за Токсикологија, Неврологија и Кардиологија добија нови директори

Министерството за здравство информира дека се именувани нови в.д. директори во четири јавни здравствени установи. На Универзитетската клиника за токсикологија...

Свет24 часа

Објавено е што е подготвен Путин да направи

Русија и САД  се обидуваат да постигнат договор што би ја запрел војната во Украина и би ја потврдил руската...

Топ1 ден

Крадци украле акумулатори и нанеле штета од над 10 милиони денари на ЈП за железничка инфрастрактура

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за тешка кражба. За...

Топ1 ден

Убиство во Штип: пијан со нож ја избол мајка си во врат, па сам пријавил на 112

Основното јавно обвинителство соопшти детали за убиството во Штип што се случи утрово. Од таму велат дека против С.З. (54)...

Македонија1 ден

Мицкоски: Карпалак е обврска да изградиме држава во која нема да има место за омраза и поделби

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, напиша на социјалните...

Македонија1 ден

Одбележана 24-годишнината од загинувањето на десеттемина армиски припадници кај месноста Карпалак

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова и директорот на Генералштабот, бригаден...

Македонија1 ден

Семејна заштеда и помал притисок за родителите: Дурмиши за поевтинувањето на училишниот прибор

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја промовира новата владина мерка „Училишна кошничка“, насочена кон намалување на трошоците...

Македонија1 ден

Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025...

Македонија1 ден

Четири цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање...

Свет1 ден

Израел се подготвува за целосна окупација на Појасот Газа

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за преземање воена контрола над Газа, што претставува нова голема...

Свет1 ден

Либанската влада го поддржа американскиот план, луѓето на Хезболах ја напуштија седницата

Министерот за информации на Либан објави дека владата ги одобрила целите на американскиот предлог за разоружување на Хезболах до крајот...