Македонија
ССМ се подготвува за имплементација на ЕУ директивите
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) заедно со Европската конфедерација на синдикати (ЕКС), ќе работи на соодветна подготовка на македонските синдикалните движење за имплементација на ЕУ директивите.
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) заедно со Европската конфедерација на синдикати (ЕКС), ќе работи на соодветна подготовка на македонските синдикалните движење за имплементација на ЕУ директивите. „Нашата нова стратегија, на новото раководство во ССМ е дека ќе бидеме активен чинител во сите општествени движења и активности во Македонија, па во тој контекст една од нашите задачи е и спремни да влеземе во ЕУ и НАТО. Цел е да обезбедиме една соодветна припрема на ССМ, како социјален партнер во делот на имплементацијата на ЕУ директивите, но и за останатите обврски кои Македонија ќе ги има со социјалните партнери и на тој начин ние со ЕКС разговараме како спремно да го оствариме тоа“, рече на денешната прес-конференција претседателот на ССМ, Живко Митревски. Претставникот на ЕКС, Питер Зајденек кој е во посета на ССМ рече дека конфедерацијата е заинтересирана за импликациите на македонското синдикално движење врз процесот на европските интеграции и изрази надеж дека наскоро ќе бидат надминати сите пречки за влезот на Македонија во ЕУ. „Во врска со социјалните партнери во процесот им кажав на моите колеги од синдикатите дека е подобро да научат да пливаат пред да надојде водата, што значи да се подготват на време. Затоа што процесот на влегување во ЕУ не може да се смета само како владина процедура, таа меѓу другото мора да го приклучи и општеството и социјалните партнери, а социјалните партнери мора да бидат подготвени. Им треба компетентност, знаење, информации и професионален третман. Во спротивно Владата ќе ги донесува одлуките без да ги слушне мислењата на синдикатите и на останатите социјални партнери“,рече Зајденек. Тој додаде дека ССМ е поканет да биде дел од регионалната меѓународна комисија, составена од членките на ЕКС во Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Македонија. „Работата на комисијата ќе биде еден вид работна група, ќе прибира информации, ќе ги канализира и ќе ги снабдува синдикатите од земјите кои што веќе ги споменав за да имаат доволно информации кои што ќе им помогнат во процесот на евроинтеграциите“, рече Зајденек. „Ние во ЕКС во Брисел сме всушност сервис за нашите членки. Наш интерес е да ги обезбедиме сите потребни услуги и помош, a ќе биде во заеднички интерес на сите синдикати на земјите членки од ЕУ, овие синдикати кои што се наоѓаат во земјите кандидати да бидат вклучени во процесот на евроинтеграциите“, рече Зајденек. Тој рече дека има јасно барање од ЕУ дека мора да има вистински социјален дијалог. „Има одредени барања кои треба да бидат исполнети, меѓу кои и социјалното дијалог. Има јасно барање од ЕУ дека мора да има вистински социјален дијалог, што значи не дијалог само за да се покажат, што нема исто така да биде само монолог на Владата и во врска со тоа добив дека економско-социјалниот совет веќе почнува да функционира. Според мене ова е вистински чекор во вистинска насока, но ако од поблизу ги разгледате работите, ќе сфатите дека се уште постои простор за подобрување“, изјави претставникот на ЕКС.ССМ е единствена организација членка која има статус на набљудувач во ЕКС и ги има истите права како останатите земји членки. /крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателот на Албанија во тридневна посета на Македонија, посебен режим на сообраќајот во Скопје
В четврток, петок и сабота, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје.
СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Македонија
Вчера за првпат откако функциниора „Безбеден град“ не е регистрирано ниту едно минување на црвено светло
Првпат откако функциниора системот „Безбеден град“, на 24.02.2026 не е регистриран ниту еден прекршок за минување на затворен семафор – црвено светло. На подрачјата на градовите и коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 526 прекршоци, од кои 84 се сторени од возачи кои управувале возило со странски регистарски таблички, извести МВР.
За управување на возило со брзина поголема од дозволената регистрирани се 504 прекршоци и 22 за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола. Исто така, изречени се вкупно 17 мерки „забрана за управување со возило“ – сите за управување возило со поголема брзина од дозволената, од кои 13 за брзина поголема од 80 км на час во населено место и четири мерки за брзина поголема од 10 км на час сопствено ограничување на возило.
Во рамки на предвиденото дозволено отстапување во брзината на движење толерирани се 3.336 возачи, соопшти МВР.
Македонија
Муцунски ќе го пречека хрватскиот министер за надворешни работи: во фокус билатералните односи, економската и секторската соработка
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, извести Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.

