Вести
Израелски министер бара депортација на сите улични мачки и кучиња

Израелски министер предложил сите улични мачки и кучиња во земјата да бидат депортирани во странство, пренесува AFP.
Ури Ариел, акутелен министер за земјоделство на Израл, смета дека депоратцијата ќе биде поефикасна од кастрација, а ваквиот предлог тој му го претставил и на министерот за животна средина, Ави Габана. Идејата е проблемот со бездомните кучиња и мачки кои во Израел, чија бројка во земјата изнесува милиони, да биде решен поевтино, бидејќи кастрација е скапа процедура.
Ариел предложил животните да бидат депортирани „во странска земја“, но без притоа да прецизира каде и како точно ќе се направи операцијата за нивната „депортација“.
„Проблемот со уличните мачки е сериозен. Според нашите пресметки, во Израел тие се скоро два милиона. Средствата кои се потребни за кастрација би можеле да бидат употребени за нешто друго”, пишува во писмото Ариел, кој е член на ултраортодоксната партија „Еврејски дом“.
Претходно тој бил член на ултрадесна партија која пред неколку години предложила сите Палестинци кои живеат на територијата на Израел да бидат депортирани во странство. Оваа, како и сегашната понуда на Ариел, беа причина за опозицискиот пратеник Јоел Хасон да упати остри критики кон израелскиот министер.
„Тоа е неморално. Не живееме во средниот век. Денес се мачките, а утре министерот ќе најде верска причина за да бидат депортирани луѓе. Ако ни треба дополнителен доказ за влијанието на религиозниот екстремизам врз животот во Израел, ете министерот Ариел докажа дека ние одиме кон теократија“, истакнал Хасон./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.