Македонија
Евакуирани планинарите од Караџица

Осумте планинари кои што со денови беа заглавени во снежни навеви на планинарскиот дом „Караџица“ денеска се успешно евакуирани.
Осумте планинари кои што со денови беа заглавени во снежни навеви на планинарскиот дом „Караџица“ денеска се успешно евакуирани.Според достапните информации, четворица од групата успеале да се пробијат по неколку часа одење до рибникот во село Алдинци, каде што биле преземени со специјални теренски возила на планинарските друштва Драчево и Македон.Останатите четворица, кои што не сакале да ризикуваат, биле успешно евакуирани со хеликоптер од АРМ.Планинарите, од кои петорица биле мажи, а три жени, мораа да бидат евакуирани, со оглед на тоа што залихите со храна во планинарскиот дом „Караџица“ веќе биле при крај. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) „Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината“, кажа Манасиевски

„Венко Филипче призна дека поседува златна виза за Дубаи, која не била обична виза, туку златна виза, која ја користел за преговори со болница. Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината на оваа. Венко Филипче на 9 мај 2025 година признава дека поседува златна виза за Дубаи, а само неколку недели пред тоа, на 25 април 2025 година, истиот тој Венко Филипче, демантира дека поседува виза за Дубаи“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Чиракот учи од мајсторот за лаги Заев. Во стилот на Заев, денес едно, утре друго. Но, најважното коешто Филипче треба да го одговори пред јавноста е следново:
-Како се добива златна виза за Дубаи, за преговори? Впрочем, нели немал виза и сето ова што ние го говоревме претходно било пропаганда?
-Кои се тие преговори кои Филипче ги има спроведувано и во која фирма? Дали како партиски функционер, пратеник или пак министер?
-Која е приватната болница со која што Филипче има преговарано?
-Дали тука станува збор за бизнис?
-И дали Филипче ќе ја покаже во јавност визата?
Филипче со месеци молчеше за визата, мислејќи дека народот ќе ја заборави. Прашањето исто така е зошто ја криеше?
Венко Филипче е класичен манипулатор и човек кој нема образ и нема срам да ги лаже македонските граѓани. Венко Филипче е човекот поради кого македонското општество е на колена.
Венко Филипче е најдобриот ученик на криминогениот Зоран Заев.
Венко Филипче и СДС се синоним за неспособност, криминал и корупција“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Директорот на Управата за животна средина: Ќе се извезува коварината која настанува при производството на челик, се отвора патот за системско чистење на индустрискиот отпад

Директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски извести за значаен чекор кон еколошки почиста иднина: Макстил во соработка Arcelor mittal -BMS од Шпанија најголемата топилница во Европа успеаја да ја извезат коварината односно индустрискиот отпад кој настанува при производството на челик.
Овој процес се заснова на циркуларната економија – пристап кој овозможува искористување на отпадот како нов ресурс, наместо негово уништување. Со правилно управување и процесирање коварината се трансформира во вредна секундарна суровина, намалувајќи го негативниот еколошки отпечаток и придонесувајќи кон одржлив развој, при што целосно се елиминира влијанието врз животната средина.
Со овој значаен проект во Република Македонија се отвора патот за системско чистење на индустрискиот отпад! Овој успех е важен не само за Макстил, туку и за целата земја, како дел од заложбите за еколошки одржлива иднина, велат од Управата за животна средина.
Министерството за животна средина го поздравува овој проект и останува посветено на креирање услови за ефикасно управување со индустрискиот отпад во Република Македонија.
Македонија
СДСМ: Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

„Предлог-законот за поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, предложен од СДСМ, е чин на човечност, солидарност и грижа. Намерата е искрена и исклучиво за помош и поддршка на оние кои изгубија најмногу – своите блиски, на оние кои се повредени и на сите кои имаат потреба од помош во овие тешки моменти“, велат од СДСМ.
Законот предвидува директна и конкретна поддршка:
• финансиски надомест за семејствата на загинатите,
• поддршка за повредените лица, вклучително и оние со трајни последици,
• поволности в образованието за деца кои се отустни од настава поради лекување,
• конкретни мерки во здравството, работните односи и социјалната заштита.
Со истиот закон се опфатени и семејствата погодени од претходни трагедии – во Тетово, Ласкарци и Беса Транс – со цел институционално да се постави фер, човечки однос на грижа за жртвите и нивните семејства.
Ова се издражни законски решенија. Не за политички поени туку за поддршка на оние на кои им е потребна. Секако не може да ја залечи преголемата болка, но е минимален израз на солидарност и сигнал дека државата стои зад своите граѓани во најтешките моменти.
СДСМ верува дека кога станува збор за солидарност и човечка грижа, не смее да има партиски разлики.
Ги повикуваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ги преиспитаат своите ставови, да се издигнат над политиката и да дадат поддршка за овој закон кој ја потврдува најважната вредност – дека сме луѓе и дека може заедно да направиме нешто кога е најтешко.
Во СДСМ сме спремни да прифатиме и предлози од ВМРО-ДПМНЕ за модификација на законското решение, да постигнеме консензус и да биде заеднички предлог.
Повикуваме на разум, човечност и единство барем кога станува збор за оние што изгубија сè“, се наведува во соопштението на СДСМ.