Економија
Берзата со промет од 11,1 милиони денари
Вкупниот промет на денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност изнесуваше 11.100.205,76 денари.
Вкупниот промет на денешното тргување на македонската берза за хартии од вредност изнесуваше 11.100.205,76 денари. Официјалниот пазар оствари промет од 8.437.005,76 денари при реализирани 96 трансакции. На редовниот пазар прометот изнесуваше 2.663.200,00 денари, а се остварија 46 трансакции.МБИД10 оствари зголемување од 1,49%, а вредноста му изнесуваше 2.919,04 индексни поени. МБИД достигна ниво од 2.839,68 индексни поени, односно порасна за 1,84%. ОМБ загуби незначителни 0,02% од вредноста, која на крајот од тргувањето изнесуваше 104,93 индексни поени.Најтргувана акција на официјалниот пазар беше Реплек Скопје со промет од 1.702.000,00 денари. Просечната цена од 46.000,00 денари забележа дневно намалување од 2,13%. Вкупно беа истргувани 37 акции преку 3 трансакции.Втора по промет беше Алкалоид Скопје со промет од 1.402.389,00 денари. Со просечната цена од 4.973,01 денари се постигна дневно зголемување од 2,19%. Истргувани беа 282 акции преку 21 трансакции.Државната обврзница за денационализација од осмата емисија оствари промет од 1.256.561,30 денари. Со просечната цена од 77,98% беше постигнат незначителен пораст од 0,08%. Вкупно се истргуваа 26.345 обврзници.Од редовниот пазар најтргувана беше акцијата на Стопанска Банка Скопје со промет од 884.445,00 денари при истргувани 3.400 акции преку 7 трансакции. Просечната цена изнесуваше 260,13 денари, а намалувањето беше 2,19%.Со акцијата на Македонски Телеком Скопје се оствари промет од 475.530,00 денари. Просечната цена од 408,18 денари изврши дневно намалување од 1,94%. Истргувани беа вкупно 1.165 акции преку 11 трансакции. Пет најтргувани хартии од вредност 1. Реплек Скопје2. Алкалоид Скопје3. Р.Македонија – Денационализација 084. Топлификација Скопје5. Стопанска Банка Скопје Хартии од вредност со најголем пораст 1. Металец Прилеп 53,36%2. Винарска Визба Тиквеш Скопје 22,22%3. Факом Скопје 17,65%4. Арцелормиттал (ХРМ) Скопје 9,70%5. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 9,09% Хартии од вредност со најголем пад1. Адинг Скопје 9,38%2. Охим Гес Гостивар 6,25%3. Охридска Банка Охрид 4,11%4. КЈУБИ Македонија Скопје 4,00%5. Стопанска Банка Скопје 2,19%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.