Свет
Сметката на МОБ блокирана, Мајските вечери во прашање

Ако не најдеме пари за одблокирање на сметката со долгоби неисдплатени од
Мирко Стефановски, ќе пукне скандал: ќе нама Мајски оепрски вечери, вели
директорот Оливер Арсовски
ПОРАДИ НЕПЛАТЕНИ ДОЛГОВИ И ИЗВРШНИ РЕПШЕНИЈА
Ако не најдеме пари за одблокирање на сметката со долгоби неисдплатени од
Мирко Стефановски, ќе пукне скандал: ќе нама Мајски оепрски вечери, вели
директорот Оливер Арсовски
Сметката на Македонската опера и балет е блокирана. Новиот генерален Оливер
Арсовски вели дека ске-директорот Мирко Стефановски му оставил неплатени долгови
во износ нешто поголем од6 милиони денари и плус уште 4.776.925 илјади денари
за присилни наплати за судски решенија.
Бидејќи за присилните наплати секој ден од сметката се подигаат пари, сега МОБ
е блокиран.
Според изјвата на Оливер Арсовски, во прашање е и одржувањето на годинашните
Мајски оперски вечери од две причини: прво дека треба да најде пари за да ги
плати извршните решенија и другитедоолгово и второ дека Авторската агенција од
која е земен аванс за ланските гости на МОВ, сега си ги бара парите бидејќи
Операта и должи пари.
Всушност, ако се изземат судските извршни решенија, најголемата сума е
неисплатениот долг за ланските Мајски оперски вечери. Освен на Авторката
агенција, Макадеонската опера и балет должи пари на ЈСП-Турс , на Континентал (223.445
денари) за ноќевања на гостите, 335.000 денари на Инфомедија, и "уште
купишта ненеплатени фактури".
Долгот за хонорар си го бара и Живоин Трајановиќ, кој во МОБ е вработен како
сценограф, а во времето на директорувањето на Мирко Стефановски беше именуван
за раководитл на сценска техника. Тој си ги бара над 100.000 хонорар за
сценографијата на "Есмералда".
Арсовски вели "Ме чуди зошто му бил ветен хонорар на човек кој во МОБ е
вработен сценограф. Трајановиќ , сега ја правеше сценографијата и за обновениот
Риголето’, но без денар хонорар, ами во рамките на неговите работни
обврски" е изјавата на Арсовски.
Тој вели: " Јас незнам како и дали годинава ќе ги одржиме Мајските оперски
вечери, кои треба да почнат за 20-тина дена, на 9 мај по традиција. Јас завчера
бев кај министерот за култура Арифхикмет Џемаили ., меѓутоа, колку и да имаат
желба да помогнат, ми беше одговборено дека Министерството нема пари да покрива
толку долгови за недомашинско работење на еден директор. Сега сум приморан а
штедам од парите од проектите за да ги плаќам долговите. Ако не усапеам да ја
одблокирам ќе пукне скандал да нема Мајски оперски вечери" вели Арсовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Убиецот на Кирк го признал злосторството пред својот татко, но не сакал да се предаде

Откако американските власти ги објавиле фотографиите од лицето кое било барано за убиството на политичкиот активист, Чарли Кирк, таткото на Тајлер Робинсон го препознал својот син и се соочил со него, пренесува „Си-би-ес њуз“ повикувајќи се на извори од федералните полициски агенции.
Според истите извори, Робинсон пред својот татко признал дека тој е лицето од фотографиите. Таткото го убедувал да се предаде, но младиот човек одбил, заканувајќи се дека попрво би си го одзел животот одошто да заврши зад решетки.
Во драматичната ситуација, таткото побарал помош од семеен пријател – свештеник за млади, кој воедно е и судски службеник за обезбедување. Свештеникот на крај ја повикал американската полиција, која го привела Робинсон и го држела на безбедно до пристигнувањето на агентите на ФБИ. Младиот човек потоа бил предаден во притвор.
Свет
(Видео) Трамп: Ја решив војната меѓу Албанија и Азербејџан

Американскиот претседател Доналд Трамп, во гостување на „Фокс њуз“, изјави дека успеал да реши војна меѓу Албанија и Азербејџан – конфликт што никогаш не постоел.
Очигледно, тој ја помешал Албанија со Ерменија.
Трамп раскажа дека, наводно, ги довел лидерите на „двете држави“ во својот кабинет и ги натерал да се прегрнат и помират.
„22 години се борев, убивав негови луѓе“, наводно рекол едниот; „Седум години убивав нивни луѓе“, додал другиот.
„Јас им реков: ’Ајде да се прегрнете’. И го решивме проблемот“, изјави Трамп.
Trump confused Armenia with Albania during a Friday interview on Fox News.
“I ended wars that were thought to be unsolvable. Azerbaijan and Albania. It went on for many, many years,” he said. pic.twitter.com/86KJvi17Rm
— NEXTA (@nexta_tv) September 12, 2025
Свет
Осомничениот за убиството на Чарли Кирк се брани со молчење

Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк, престанал да комуницира со истражителите откако ангажирал адвокат. Деталите од неговиот прв разговор со полицијата се непознати.
„Тајлер Робинсон, човекот осомничен за пукањето и убиството на Чарли Кирк во среда, не разговара со истражителите“, потврдија за „Си-ен-ен“ два извори запознаени со случајот.
Еден од изворите рече дека Робинсон првично комуницирал со полицијата, но набрзо замолчил откако утрово ангажирал адвокат. Засега не е познато што разговарал со истражителите пред да одлучи да молчи.