Македонија
Артан Груби: Несогласувањата во Комисијата се рефлектираа на терен
Несогласувањата во врска со толкувањето на Законот за попис, како и методологијата воведена од страна на Државниот завод за статистика е причина за колетивната оставка на Државната пописна комисија (ДПК)
Несогласувањата во врска со толкувањето на Законот за попис, како и методологијата воведена од страна на Државниот завод за статистика е причина за колетивната оставка на Државната пописна комисија (ДПК), вели за Макфакс, Артна Груби, сега веќе поранешен член на ДПК.
„Тоа веќе се рефлектираше на теренот меѓу попишувачите, имавме тешкотии технички да ги креираме попишувачките парови. Од две тритини спроведен попис на населението, ние имавме само една четвртина попишано население“, вели Груби и додава дека нивната препорака била пописот да прекине.
Според Груби, синоќа сите претставници на заедниците во пописната комисија гласале за колективната оставка.
Синоќа сите членови на Државната пописна комисија поднесоа неотповиклива оставка и ги повикаа сите учесници во Пописот 2011 да ги сопрат сите идни активности поврзани со Пописот.
Како што се наведува во соопштението на вчерашната седницата Комисијата констатирала дека не се исполнети основните услови за натамошна реализација на Пописот.
„Во најголема мера ова се однесува на нееднаквата примена на методологијата утврдена од страна на Државниот завод за статистика,а усогласена со Еуростат во делот кој го разработува членот 6, став 3, членот 40 и членот 42 од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година“ се вели во соопштението од Државната пописна комисија.
Другите членови на пописната комисија како и од владата, засега се недостапни за коментар./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

