Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со нова програма
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави нова партиска програма со која планираат да настапат на следните парламентарни избори.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави нова партиска програма со која планираат да настапат на следните парламентарни избори.Евроинтеграциите, земјоделството, економијата, образованието се дел од областите за кои партијата ќе предложи нови стотици проекти, најави Зоран Ставревски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.„Програмата ќе содржи стотици проекти, стотици политики и мерки во сите сегменти во животот на граѓаните. Фокусот на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде повторно на економијата и економијата во пост кризниот период“, рече Ставревски.Тој најави и борба против корупцијата и криминалот.„ВМРО-ДПМНЕ и понатаму останува посветен на бескомпромисната борба против корупцијата и криминалот и на зачувување на безбедноста и стабилноста на земјата на политички план. Во посебно поглавје во програмата ќе бидат содржани активностите мерките и проектите кои ќе ги превземаат Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана. Во поглавје од програмата ќе бидат содржани мерките во сферата на Министерството за правда, кое опфаќа длабоки реформи кои ќе бидат спроведени во судството, со цел да се подобри квалитетот на судскиот систем на република Македонија“, рече Ставревски на денешната прес-конференција. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

