Македонија
Владата очекува извештај од Европската Комисија сличен на ланскиот
Владата очекува годишниот извештај за напредокот на Македонија да биде сличен на ланскиот, а Европската Комисија да го базира врз реалноста преку балансирани оценки.
Владата очекува годишниот извештај за напредокот на Македонија да биде сличен на ланскиот, а Европската Комисија да го базира врз реалноста преку балансирани оценки.Ова на денешната средба со новинарите го истакна Теута Арифи, вицепремиер за европски прашања.Таа очекува Европската Комисија да ја задржи и трета година по ред да ја повтори препораката за старт на пристапните преговори со Македонија.Арифи рече дека, според очекувањата на владата, ќе бидат позитивно оценети предвремените парламентарни избори, одржани на 5-ти јуни, како и фактот што Собранието се формираше брзо потоа, а Владата продолжи да функционира со полн капацитет. Вицепремиерот Арифи смета дека во извештајот во поглед на политичките прашања ќе биде нотирано дека Македонија ги исполнува копенхашките критериуми, а во делот на економијата дека функционира пазарната економија. Во однос на прилагодувањето на домашното со европското законодавство се очекува позитивна оценка.Според очекувањата на Арифи, судството и јавната администрација ќе бидат областите каде што ќе се изрази очекување за засилена диманика на реформи. Во делот на медиумите, очекува да биде нотиран започнатиот дијалог меѓу Владата и Здружението на новинари на Македонија.Арифи смета дека по завршувањето на политичката дебата што ќе следи по објавувањето на извештајот, треба да се пристапи кон креирање на план за исполнување на препораките од него. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.