Македонија
Македонија: Договор за напредок кон ЕУ
Претседателите на најголемите партии во Македонија успеаја да се договорат за неколку закони, кои ЕУ ги испорача меѓу условите за позивитен извештај
Претседателите на најголемите партии во Македонија успеаја да се договорат за неколку закони, кои Европската унија ги испорача меѓу условите за земјата да добие позивитен извештај, односно датум за преговори за членство.
Лидерите се обврзаа во што е можно поширок консенсуз да ги донесеме Законот за Собрание, Законот за финансирање на политички партии, Законот за државната администрација и искажаа заедничка заложба за имплементирање на духот на Рамковниот договор, рече Џеват Адеми од ДУИ.
Напредок по овие прашања, вчера во Скопје побара еврокомесарот за проширување Оли Рен, а договорот денеска го постигнаа премиерот Никола Груевски и претседателите на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ДУИ, Али Ахмети и на Нова Демократија, Имер Селмани.
Рокот до кога треба да се заврши работата е 15 септември, односно до затворањето на извештајот на Европската комисија.
Според лидерскиот договор, а на барање на СДСМ треба да следи и расправа за промени во собранискиот Деловник и имплементација на законот за јазиците, што го бара НД.
„Потребно е сите да се заложиме за до дојдеме до еден позитивен извештај“, рече премиерот по успешната завршница на средбата.
Црвенковски констатираше дека осумте одредниците од ЕУ се уште не се исполнети „Мораме да се обидеме да го постигнеме тоа во претстојните педесет дена“
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи на поканата од премиерот возврати со писмо во кое го образложува своето неприсуство на лидерската средба.
„Досега сме имале десетици вакви некорисни состаноци. Очигледно, кога ја губите самовербата, барате спас во ваквите средби за да ја поделите одговорноста со нас“, вели Тачи.
Комесарот Рен вчера порача дека Македонија има уште два месеца да ги заврши преостанатите обврски, со цел да го добие датумот за преговори за членство.
„Препораката на Комисијата во октомври за отпочнување на преговори за членство, ќе зависи само од испорачаните резултати“, рече комесарот./крај/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја утре делови од Аеродром, Кисела Вода и Сарај
Без електрична енергија утре ќе бидат дел од корисниците од општините Аеродром, Кисела Вода и Сарај, а задутре корисниците од општина Карпош.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија, утре од 7:00 до 16:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Божин Николов“, „Хаџи Трајко“ и „Горно Лисиче“, во делот кон селото Долно Лисиче.
Од 8:30 до 16:00 часот, корисниците од објектите во околината на Езеро – Треска во Сарај, а од 11:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата „Милан Мијалковиќ“.
Во вторник, 24 декември, од 19:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од улицата Струшка во Општина Карпош.
Македонија
Дел од Сопиште без вода, цистерна ќе кружи низ улиците
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираше дека поради дефект на водоводна цевка во близина на Црквата Св. Мина во населба Сопиште, водоснабдувањето е прекинато за дел од корисниците.
Почнувајќи од 18:00 часот без вода се: улица 1, непарните улици 3, 5, 7 и 9, како и парните улици 8, 10, 12, 14 и 16.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.
Од Јавното претпријатие информираат дека е обезбедена цистерна со питка вода која вечерва и утре ќе кружи низ овие улици во населбата.
Македонија
Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци
,,За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.
Директорот на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин Машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци и значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018г започна со машинско метење на градските улици.
(ПР текст)