Македонија
Поставен параклис на човекољубието во спомен на Тоше Проески
Пред спомен собата на Мајка Тереза во центарот на Скопје денеска беше поставена параклис – црквичка на човекољубието во спомен на Тоше Проески.Црквичката беше отворена од Стојан Тренчевски, хроничар и новинар, кој рече дека во малата црква со голем дух е сместена мисијата на Тоше Проески.„Тоше беше великан на нашето време, но Мајка Тереза беше патоводител низ неговата хумана мисија. Сега се обединети во небесната височина заедно да бдеат над добрината која сите ја посакуваме“, рече тој.Проф. д-р Љупчо Едински, кој заедно со Тоше Проески ја доби наградата „Мајка Тереза“, и е еден од донаторите во изградбата на манастирот на Тоше, рече дека честопати се среќавал со Тоше пред спомен собата на Мајка Тереза.„Ние се запознавме многу пред тоа во Македонската академија на науките и уметностите и заедно ги добивме статуетките „Мајка Тереза“. Оттогаш постојано тука се сретнувавме и се договаравме за тоа како подобро и поуспешно да ја следиме Мајка Тереза, и затоа во светилиштето еден дел му посветивме и на Тоше со спомен плоча и црешата за која имаше напишано и посебна песна“, рече Едински./крај/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

