Економија
Потрошувачите сè повеќе знаат за своите права
Потрошувачите сè повеќе знаат и стануваат свесни за своите права и поради тоа расте бројот на жалби и поплаки поврзани со одредени производи, велат од Државниот пазарен инспекторат и Организацијата на потрошувачи на Македонија на одбележувањето на 15-март, Светскиот ден на потрошувачите.
Потрошувачите сè повеќе знаат и стануваат свесни за своите права и поради тоа расте бројот на жалби и поплаки поврзани со одредени производи, велат од Државниот пазарен инспекторат и Организацијата на потрошувачи на Македонија на одбележувањето на 15-март, Светскиот ден на потрошувачите.„Од нашите советувања во 2010-та година, вкупниот број на советувања во доменот на општоправно советување и на специјалистичко советување изнесуваше 4.773 јавувања на потрошувачи, прашања, поплаки, жалби и слично. Од нив, бројот на општоправни советувања е 3.995, а на специјалистички 778 советувања. Најголем проблем потрошувачите имаат во доменот на општоправните советувања, се гледа по нивниот број и тоа е од советувалиштето во Скопје и плус петте советувалишта на потрошувачи по другите градови, на другите организации на потрошувачи членки на ОПМ. Гаранцијата е со 1.091, значи проблеми што потрошувачите ги имаат од гаранцијата, гарантниот лист, остварување на своите права, неквалитетните производи во различните домени, значи во поглед на бензин, текстил, чевли, мебел и сл. Тоа се 589, услугите 492, во кои спаѓаат сите услуги освен јавните услуги и оние што се занаетчиски услуги и јавните услуги, каде што бројот е 1.823 јавувања од страна на потрошувачите“, изјави Маријана Лоншар – Велкова, претседател на организацијата на потрошувачи на Македонија.Од пазарниот инспекторат велат дека иако презеле мерки во 313 случаи од вкупно 609 пријави кои се однесуваат на Законот за заштита на потрошувачите, сепак нивната функција е во насока на советување на трговците со цел да ги отстранат недостатоците. „По наоѓање на одреден недостаток кај трговците, прво се постапува со едукација, укажување, по што повторно се прави надзор, кога и се утврдува дали се отстранети или не се отстранети недостатоците и затоа е мал бројот на донесени решенија за привремена забрана за вршење на дејност, што укажува на еден позитивен факт дека трговците постапуваат по укажувањата на инспекторатот и тие почнуваат да го разбираат законот за заштита на потрошувачи и да им излегуваат во пресрет на потрошувачите“, изјави Елизабета Чингаровска, директор на Државниот пазарен инспекторат.Од Министерството за економија, велат дека растот на жалби и поплаки е најдобар показател за растот на свеста кај потрошувачите.„Она што нè прави особено горди во овој период што изминува е тоа што навистина се зголемува свеста во јавноста, свеста помеѓу потрошувачите, но исто така и свеста меѓу трговците за значењето на доследно и целосно непречено почитување на правата на потрошувачите. Тоа е еден вид севкупен резултат кој што произлегува од низа активности коишто беа преземени и од страна на Владата, но и од страна на невладините организации и невладиниот сектор“, изјави Методиј Хаџи Васков, заменик-министер за економија. По повод светскиот ден на потрошувачите, денеска во Скопје беше одржана и тркалезна маса на тема „Стоп за нечесното пазарно однесување“. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

