Вести
Обама порача дека нема оправдување за „безумните“ напади во Далас
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/usa-obama.jpg)
Нападите во кои во четвртокот во Далас беа убиени пет полицајци се „дивјачки, пресметани и достојни за презир“, изјави во петокот американскиот претседател Барак Обама од Варшава, каде што учествува на симитот на НАТО.
„Сигурно ќе дознаеме за нивните болни мотиви,. А да бидам јасен, нема оправдување за овие безумни напади… Правдата ќе биде задоволена“, порача американскиот претседател Барак Обама.
Повика на молитва за ранетите, вклучително и шест полицајци и најмалку еден цивил, велејќи дека некои од нив се во тешка состојба.
Пет полицајци се убиени и шест се ранети во четвртокот вечерта по локално време во Далас, на протестот против последните два случаја од оваа седмица на полициските убиства на двајца Афроамериканци во последните два дена. Тоа е еден од најсмртоносните напади врз американската полиција во историјата.
Обама претходно во четвртокот рече дека убиствата на двајцата Афроамериканци во бизарни случаи во сојузните држави Минесота и Луизијана покажуваат дека САД нужно мора да се соочат со „појавите на расни предрасуди“ во редовите на американската полиција.
„Не станува збор за изолирани инциденти. Тие укажуваат на пошироки проблеми во нашиот правосуден систем, на расните разидувања кои од година в година се јавуваат во сите сегменти од системот, и последичното губење на довербата меѓу силите на редот и преголемиот број припадници на заедниците на коишто им служат“, се наведува во изјавата на Обама преку социјалните мрежи.
„Ние можеме и мораме да сториме повеќе за да воспоставиме подобри практики кои ги сузбиваат појавите на расните предрасуди во рамките на силите за спроведување на законот“, додава Обама./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.