Македонија
Законот за млади доби поддршка од пратениците во првата фаза
Законот за млади денеска доби поддршка од пратениците со 51 глас „за“, 11 „против“ и два „воздржани“, во првата фаза, и со тоа ќе оди во понатамошна процедура.
Законот за млади денеска доби поддршка од пратениците со 51 глас „за“, 11 „против“ и два „воздржани“, во првата фаза, и со тоа ќе оди во понатамошна процедура.За предложениот законски текст во понатамошната процедура ќе има јавна расправа, а заклучоците ќе бидат доставени до Комисијата за образование, наука и спорт.Од Министерството за правда образложуваат дека постојаната законска регулатива во мала мера го регулира статусот на младите во општеството, а потребата од изготвување на посебен закон произлегла од спроведеното истражување во 2010 година, од страна на Агенцијата за млади и спорт. Во изготвувањето на законот учествувале 28 невладини организации и претставници од институциите кои се занимаваат со оваа проблематика.Пратениците од опозицијата сметаат дека предложеното законско решение е непотребно и дека треба да се повлече. Според нив Владата ќе го креира кадровскиот состав на младинските совети на централно, а преку општинските власти и на локално ниво, со што ќе настојува да обезбеди свое влијание.Власта пак смета дека опозицијата и кога нема аргументи одбива секаков предлог од власта.Со Предлог -законот е предвидено формирање на Државен младински совет, како и локални младински совети, со предлози кои ќе доаѓаат преку советите на општините. Младите ќе може да се здружуваат во организации, кои потоа со соединување ќе можат да прераснат во национални. Дел од експертската јавност критикуваше дека нема потреба организирањето на младите да оди преку Агенцијата за млади, кога тие и досега можеле да се формираат согласно законот за здруженија на граѓани и фондации.Предложениот закон за млади се носи за првпат од осамостојувањето на државата. Забелешки на Предлог-законот во повеќе сегменти, меѓу кои и за нивното невклучување во процедурата за подготовка, изнесоа 35 младински организации.На денешната седница на дневен ред е и точката предложена од страна на опозицијата за состојбата со медиумите, но се поизвесно е дека за оваа точка нема да се расправа во текот на денешниот ден, со оглед на тоа што таа е последна./крај/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

