Контакт

Македонија

ТУК идната недела со предлог за Законот за пушење

Објавено пред

Предлогот на Туристичко угостителската комора(ТУК) за измена и дополнување на законот за заштита од пушење ќе биде завршен и доставен до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до крајот

dobivaj vesti na viber

Предлогот на Туристичко угостителската комора(ТУК) за измена и дополнување на законот за заштита од пушење ќе биде завршен и доставен до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ до крајот на следната недела, се вели во денешното соопштение од комората.

Покрај до пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, ТУК се очекува својот предлог ќе го достави до Владата и до министерот за економија.

Во соопштението од ТУК се вели дека секојдневно добиваат информации од угостителите од целата држава кои и натаму бележат големи загуби во приходите и пад во бизнисот.

Оттаму потсетуваат дека угостителите се сериозно загрижени за иднината на своите бизниси доколку набрзо не се најде соодветно решение.

Според ТУК со нивниот предлог ќе бидат спасени 17.000 вработени во угостителскиот сектор чии работни места во моментов се загрозени./крај/со/вм

Македонија

Николоски: Експресениот пат Градско – Дреново е реалност, од Скопје до Прилеп ќе се патува за час и десет минути

Објавено пред

Пелагонија добива нов модерен експресен пат што ќе значи економски развој и поврзување со соседите. Но мора да се истакне дека овој проект комплетно беше блокиран од претходната Влада. Ние за еден месец успеавме да ги решиме проблемите и да го изградиме овој прекрасен пат, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во своето обраќање.

dobivaj vesti na viber

„Денеска го отвораме експресниот пат кој што треба да не поврзува од Градско до Дреново дел од експресниот пат Градско – Дреново – Фариш. Еден преубав експресен пат кој што ќе значи многу за поврзувањето на Прилеп, Битола, Могила, Новаци, Кривогаштани, Крушево, секако и Росоман и поврзување со главниот град, но исто така ќе значи и поврзување со соседна Грција и поврзување на Коридор 10“, истакна Николоски.

Заблагодарувајќи се на премиерот Николоски кажа дека без неговата поддршка тоа не би било возможно.

„А исто така сакам да се заблагодарам и на ЕУ бидејќи тука има значајна грант компонента, но многу поважно од тоа е посветеноста за развој на овој дел од државата и заради посветеноста да се помогне оти државата не е само главниот град, туку треба рамномерно да се развива и секако тука е поврзувањето со соседите“.

Николоски ги спомна и проблемите со кои се соочил.

„Првата голема главоболка со која што се соочив и се соочи Владата е извештајот за тоа во каква состојба беше овој експресен пат. Ќе ви кажам директно, работници немаше, активности немаше, не беа решени косините, сега гледате како прекрасно изгледаат двете страни на патот и недостасуваа некаде околу 13 милиони евра за да се исплатат и да се доврши реализацијата на овој експресен пат. Изведувачот се спремаше за арбитража, веќе првите чекори беа преземени и работниците беа повлечени. Причината беше претходната Влада која година и половина не сакала да потпише два адендуми, Адендум 3 и 4, кој што беа договорени со ДЕУ и не сакала да формира Комисија која што ќе ги спроведува“.

Овој пат, како што посочи, денеска е реален и не е направен со вештачка интелегенција како што го имаше во одредени пропагандни спотови во изборите и ова според него е најдобра подршка зошто оваа влада треба да биде подржувана од народот за уште поубави проекти.

„За брзо време ќе го отвориме и вториот дел, кој што оди од Дреново до Фариш, таму има два преубави тунели кои што ќез начат нова содржина, ако сакате и во туристичкиот дел во овој регон, а понатаму ќе работиме и на изградба на трета лента на Плетвар како би можело од Скопје до Прилеп да се патува за час – час и десетина минути. Исто така веќе работиме на изградба на автопат од Скопје до Битола како би можело од Скопје до Битола да се патува за час и половина“, посочи Николоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Талески: Експресниот пат Градско – Дреново над 92 проценти е реализиран од СДСМ и горди сме што е завршен

Објавено пред

Со гордост денеска го одбележуваме пуштањето во употреба на експресниот пат Градско – Дреново, проект со огромно значење за нашите граѓани, вели Миле Талески пратеник на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Овој проект, како што наведе, вреден над 37 милиони евра, е дел од посветената работа на СДСМ во развојот на патната инфраструктура и подобрување на животот на граѓаните од овој крај.

„Владата на СДСМ обезбеди средства и го реализира проектот со над 92%. Ги заврши трите клучки кај Градско, Росоман и Дреново, четирите вијадукти, сите мостови, надпатници и подпатници, како и 98% од поставениот асфалт. Актуелната власт само постави 50 метри асфалт и денеска го пушта во употреба. Да денеска ќе се китат со туѓи перја но важно е што граѓаните конечно добиваат целосно функционален експресен пат“.

Од неговата партија како што велат очекуваат наскоро да биде завршена и делницата од Дреново до Фариш, за која како што додаваат веќе над 80% е реализирана благодарение на „домаќинското и одговорно работење на Владата на СДСМ“.

„Беа пробиени и двата тунели на оваа делница и зошто власта сега доцни е прашање.

Реализацијата на овој проект е огромно економско значење за сите граѓани, особено за жителите на Прилеп, Битола, Ресен, Крушево, Градско.

Пат кој значи подобрување на локалната економија но и безбедноста на граѓаните, затоа што станува збор за пат направен по европски стандарди.

СДСМ многу инвестираше во различни проекти, особено во патната инфраструктура.

Целосно ја обновивме патната делница кај Плетвар, патот од Прилеп кон езерото, а ја започнавме реализацијата на стратешкиот проект за автопат Прилеп-Битола како дел од Коридорот 10д, прв автопат во овој регион“.

Ова според него е доказ за нивната одговорност и посветеност кон реалните потреби на граѓаните и е потврда за придобивките на граѓаните од како што рече, вистинските и визионерски политики на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лефков: Илире Даути нема морален кредибилитет да ја води комисијата

Објавено пред

Не е важно кој покренал интерпелација и која била темата или причината, важно е дали е прекршен Деловникот за работа на Собранието или не е, рече пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков одговарајќи на новинарско прашање во однос на интерпелацијата за Претседателката на Комисијата за социјални работи и демографија на млади, Илире Даути.

dobivaj vesti na viber

Лефков посочи дека пратениците со гласање донеле одлука дека е прекршен Деловникот и дека од тој момент претседателката повеќе нема морален кредибилитет да ја води комисијата.

„Никој не го оспорува правото на опозициската коалиција предводена од ДУИ да си предложи нов Претседател и сигурни сме дека коалицијата СДС-ДУИ-Левица ќе го подржат новиот предлог, како што често пати ја координираат опозициската активност во Собранието“, рече Лефков.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Покачување од 30 отсто на платите што почнуваат од 25.010 денари бараат вработените во неколку министерства, ќе штрајкуваат цела недела

Место на пауза, утрово, вработените од неколку министерства во 11 часот излегоа на получасовен штрајк пред Министерството за животна средина...

Македонија2 часа

Автомобил специјално конструиран за криење стока: Царината заплени фалсификувани производи, парфеми, облека и обувки

Во соработка со МВР службата за мобилни скенери откри случај во кој автомобил со германски регистарски таблички бил специјално конструиран,...

Македонија2 часа

Судијка од Велес обвинета за фалсификување службена исправа, обвинение и против сопружници – сопственици на синџир аптеки

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против судијка од Основниот суд во Велес, двајца сопружници – сопственици на синџир аптеки,...

Македонија3 часа

СДСМ: На страна сме на работниците, власта да ги зголеми платите и да се потпишат колективните договори

СДСМ го разбира револтот на работниците во јавниот сектор и ги поддржува нивните барања за покачување на платите кои се...

Македонија4 часа

СДС треба да се извини што го толерирале Груби, што не го спречиле кога имале шанса, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува...

Европа5 часа

Ердоган е лидер со најдолг стаж во модерна Турција: тој е во последниот мандат, освен ако има уставни амандмани или предвремени избори

Кандидатурата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за четврти мандат е „на дневен ред“ на владејачката Партија на правдата и...

Свет5 часа

(Видео) Монструозните пожари израмнија цели населби во Лос Анџелес, сега се очекува засилен ветер

Пожарникарите во Лос Анџелес се подготвуваат за силни ветришта во текот на ноќта, налети кои би можеле да разгорат два...

Македонија6 часа

Најстудено утрово на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -10 степени, -7 било во Маврови Анови и Крушево, -4...

Свет7 часа

(Видео) Пожарите во Лос Анџелес изгореа област со големина на Вашингтон, пристигнуваат и мексикански пожарникари

Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во...

Македонија7 часа

Активни забрани за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по...

Свет7 часа

Трамп: Има само една стратегија за ставање крај на војната, набргу се среќавам со Путин

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп утринава изјави дека ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин „многу брзо“ откако ќе...

Македонија17 часа

Јанкулоска: Борбата за правда продолжува, се надевам дека ќе се утврди кој го вршел прислушкувањето

Задоволна сум од денешната одлука, но борбата за правда ќе продолжи, вели Гордана Јанкулоска поранешната министерка за внатрешни работи, во...

Македонија1 ден

Грујевски и Бошковски добија највисоки казни за „Тврдина“, Гордана Јанкулоска ослободена

Ексразузнавачот Горан Грујевски доби 14 и пол години затвор, а Никола Бошковски – 9 години и 10 месеци во случајот...

Македонија1 ден

Постаро лице заглавено во својот дом во Кочани поради снегот, спасувачките екипи се координираат

Спасувачките екипи се координираат за извлекување постаро лице, кое е заглавено во својот дом од снежните наноси во селото Полаки,...

Свет1 ден

Белешките на мртвите севернокорејски војници откриваат ужасна тактика: „Човечката мамка треба да биде на 7 метри од дронот“

Рачно напишаните белешки пронајдени покрај телата на загинатите севернокорејски војници убиени на бојното поле во областа Курск во Русија откриваат...

Топ1 ден

Велешанец со „опел“ удрил во столб од наплатна станица, двајца повредени

Денеска во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко...

Македонија1 ден

Се излизга машина за чистење снег, во целосен прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Машина за чистење снег се излизга на патот Гевлегија-Богданци. Од АМСМ објавија дека сообраќајот е во прекин во двата правци....

Македонија1 ден

„Големата измама на ‘Влен’ за’ Отворен Балкан’: од антинационален проект до стратешко партнерство на Скопје со Белград“, велат од ДУИ

„Додека беа во опозиција, партиите од коалицијата Влен дадоа големо ветување: Првиот ден на власт, ќе ја повлечат Северна Македонија...

Европа1 ден

Зеленски: Добро е што Фицо, конечно, се врати од одморот во луксузен хотел во Виетнам

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека Украина му понудила помош на словачкиот народ за време на периодот на прилагодување на...

Македонија1 ден

Филипче со честитка до Милановиќ: неговата победа е потврда дека граѓаните на Хрватска ги препознаваат и поддржуват социјалдемократските вредности

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче упати честитка до Зоран Милановиќ за неговата убедлива победа во вториот круг од претседателските избори...