Македонија
Македонските судии учат од американските колеги за новиот закон за кривична постапка
Македонските судии учат од американските судии за примената на новиот закон за кривична постапка кој треба да се имплементира во декември оваа година.
Во вторникот започна семинарот на тема „Улогата на судијата во акузаторната постапка“ на кој присуствуваат судии од кривичните оддели, од сите инстанци, од апелационото подрачје Скопје, како и судии од САД кои работат на кривична материја, а ќе продолжи и во среда
„Почетокот на партнерството меѓу САД и Македонија е во рамките на претстојната реформа на казнено правниот систем и како што знаете сите досегашни влади на Македонија, како и сегашнава, во центарот на нивните приоритети го ставаат воспоставувањето на владеењето на правото како систем којшто е предуслов за евроатлантските интеграции. Како што знаете, САД ја поддржува Македонија во евроатланските интеграции и семинарите од ваков тип се пример во рамките на ваквата поддршка“. изјави американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волерс.
„Програмата за партнерство меѓу американските и македонските судии за имплементација на законот за кривична постапка, опфаќа обука за примена на законот на кривична постапка. Ќе го искористиме искуството на судиите на САД за примена на одредени техники. Судиите имаа основна обука ова е еден вид на специјализација. Имплементацијата на законот од декември ќе биде успешна, проблемот со буџетот ќе се надмине“, рече Александра Зафировска, претседател на судскиот совет на Македонија.
Целта на семинарот е преку панел дискусии и презентации да се разменат практични искуства во насока на унапредување на казнениот систем на Македонија преку јакнење на улогата на судијата во текот на акузаторната постапка./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

