Вести
За Ердоган „нечесна“ е жалбата на Ирак за упадот на турските војски и нема да ги повлече
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/turci20oklopno20sirija.jpg)
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоан го нарече „нечесен чекор“ обраќањето на Багдад во Советот за безбедност при Обединетите нации во врска со упадот на турските сили во северен Ирак, и рече дека Анкара нема намера да ги повлече војниците како што бара ирачката страна.
„Тие може да се жалат во Советот за безбедност на ОН, тоа е нивно природно право, но тоа не е чесен чекор“, го цитира Reuters турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.Претходно во петокот ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади побара од министерството за надворешни работи да достави до Советот за безбедност при ОН официјална жалба во врска со турскиот упад во северниот дел од Ирак.Според ирачките власти, на 4-ти декември тенковски баталјон на турската армија навлегол во ирачката покраина Нинева, наводно за обука на борците на курдските милиции, кои војуваат со терористите од џихадистичката Исламска држава. Ирачката дипломатија и министерството за одбрана го карактеризираа присуството на турските војски на ирачка територија „непријателски акти“, и дејствие кое со ниеден договор не е усогласен меѓу двете земји.Од своја страна Анкара го објаснува своето испраќање војски во Ирак на „неопходно“ за заштита на турските инструктори кои ги обучувале борците на курдските „пешмерги“ во кампови за обука во покраината Нинева, во близина на градот Мосул, кој е под контрола на Исламската држава. Ирачкиот претседател Фуад Масум побара итно повлекување на турските сили од територијата на неговата земја нарекувајќи го инцидентот „тешко нарушување на меѓународните принципи и право“.Турција ќе продолжи да и обучува курдските борци и нема да ја повлече војската од северен Ирак, рече Ердоган пред да отпатува за Туркменистан, пренесе телевизијата Al Jazeera.„На крајот од 2014 година по барање на ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади испративме таму наши војници за обука. Измина година и пол од формирањето на кампот во Башика (во кој се изведува наводно обуката на „пешмергите“ – з.р.). Каде беа во овој период?“, рече Ердоган без да одговори директно на прашањата од Багдад на кој наводен договор се повикува Анкара. Во овој момент, според Ердоган, не може да стане збор за повлекување на турските војници од Ирак.„Решително ќе продолжиме со процесот на обука. Но ќе го правиме во рамките на договореното. И сето наше присуство таму нема борбен карактер. Само испративме дополнителен воен контингент за заштита на нашите војници и офицери, кои ја спроведуваат обуката“, додаде Ердоган.Станува збор за 180 војници со 25 тенкови и оклопни возила. Минатата турски воени извори во медиумите изјавија дека на ирачка територија имало вкупно 600 турски војници, од кои дел се повлечени по реакциите на Багдад, и дека во моментов во кампот Башика остануваат 350 турски војници.Ердоан, исто така, тврди дека „одреден договор“ за присуството на турски воен контингент во Ирак бил постигнат во четвртокот, за време на посетата на Багдад на заменикот министер за надворешни работи и на директорот на Националната управа за разузнавање (MIT), Феридун Синирлиоглу и Хакан Фидан./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.