Македонија
Финишира процедурата за отварање бродска линија Охрид-Подградец
Царинската управа на Република Македонија во петок потпиша Меморандум за соработка со Државен инспекторат за транспорт и со Капетанија на пристаништата – Охрид при Министерство за транспорт и врски.
Меморандумите ги потпишаа директорите на трите институции Ванчо Каргов, Руфат Хусеини и Горан Устијаноски.
Потпишувањето на меморандум за соработка помеѓу Царинската управа и Државниот инспекторат за транспорт, произлезе од потребата за взаемна соработка заради примената на царинското законодавство и законите со кои се регулира превозот на патници во патниот сообраќај.
Со потпишувањето на меморандумот, преку напреден систем на размена на податоци помеѓу институциите, ќе се овозможи значајно подобрување во спречувањето на кршење на царинското законодавство со кое се нанесува штета на економските, трговските, фискалните, општествените и културните интереси на Република Македонија.
Меморандумот за меѓусебна соработка помеѓу Царинска управа и Капетанија на пристаништата – Охрид, предвидува повеќе законски одредби меѓу кои и одредби од Законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на меѓудржавна патничка бродска линија Охрид-Подградец.
Размената на податоци помеѓу двете институции има за цел поуспешен преглед и контрола на документи и пловни објекти, нивно евидентирање во соодветна евиденција, подготовка за физички преглед на пловните објекти од аспект на безбедност, оштетувања и сл.
Меѓусебната соработка ќе овозможи подобрување на контролата и безбедноста на граничните линии на езерата во Република Македонија, почитување на мерките на трговска политика, заштита на населението од аспект на безбедност, заразни болести, распостранување на оружје и наркотици, правилна примена на царинските и другите закони во Република Македонија. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

